Разлика помеѓу преработките на „Правото на Европската Унија“

нема опис на уредувањето
 
=Договори=
Главна статија: Договорите на Европската унија
 
Примарното законодавтсво, односно договорите, се всушност уставното право на Европската унија. Нив ги создаваат Владите на сите земји-членки на ЕУ преку конзенсус. Тие ги утврдуваат основните политики на Унијата воспоставувајќи ја нејзнината институционална структура, законодавни постапки и моќ. Договорите кои го сочинуваат примарното законодавство се:
 
Договорот на ЕЗЈЧ од 1951 годнна (Договорот од Париз)
Договорот на ЕЕЗ од 1957 година (Договорот од Рим, Договор за функционирање на Европската унија)
Договорот за Евроатом од 1957 година (Договорот од Рим)
Договорот за спојување од 1965 година
Актите за пристапување на Обединетото кралство, Ирска и Данска (1972)
Буџетскиот договор од 1970 година
Буџетскиот договор од 1975 година
Актот за пристапување на Грција (1979)
Актите за пристапување на Шпанија и Португалија (1985)  Единствениот европски акт од 1986 година
Единствениот европски акт од 1986 година
Мастришкиот договор од 1992 година (Договорот за Европската унија)
Актите за пристапување на Австрија, Њведска и Финска (1994)
 Договорот од Амстердам од 1997 година
Договорот од НицаАмстердам од 20011997 година
Договорот заод пристапувањеНица од 20032001 година
Договорот за пристапување од 20052003 година
 ЛисабонскиотДоговорот договорза пристапување од 20072005 година
Лисабонскиот договор од 2007 година
 
Многубројните дополнувања и протоколи на овие договори, исто така, се сметаат за извор на примарното законодавство.
 
=Законодавство=
Главна статија:Законодавното тело на Европската унија, Регулативата (Европска унија), Директивата (Европска унија) и одлуката на Европската унија
 
Договорите овозможуваат усвојување на законодавството и другите правни акти со цел да и се овозможи на ЕУ да ги оствари целите утврдени во договорите. Сепак, договорите немаат основано ниту едно тело како законодавно тело иако законодавната власт се проширува низ институциите на Европската унија каде главните актери се: Советот на Европската унија (или Советот на министри), Европскиот парламент и Европската комисија.
 
=Одлуки на судот=
Главна статија: Европски суд на правда
Европскиот суд на правда веќе долго време игра клучна одлука во развојот на правото на ЕУ, главно преку изразувањето на правните принципи како што се директен ефект и супремација (превласт, надмоќ).
 
=Супремација (надмоќ, превласт)=
Главна статија: Супремација (правото на Европската унија)
 
Европскиот суд на правда повеќе пати пресуди дека правото на ЕЗ (Европската заедница – првиот столб) е супериорно во однос на националното право на земјите-членки. Кога се појавува конфликт помеѓу правото на ЕЗ и правото на една земја-членка , во преден план е правото на ЕЗ така што правото на земјата-членка може да не се применува. Оваа доктрина, позната како супремација на правото на ЕЗ, се појавува од Европскиот суд на правда во случајот на Коста в Енел (Costa v ENEL.). Г-дин Коста бил државјанин на Италија кој се спротиставувал на национализирањето на италијанската енергетска компанија ЕНЕЛ (ENEL) бидејќи тој имал акции во неа. Тој одбил да ги плати неговите сметки за струја во знак на протест и тврдел дека национализирањето го повредува правото на ЕЗ и го изобличува нејзиниот пазар. Италијанската влада сметала дека тоа не било проблем за кој една индивидуа би можела да се жали, откако за тоа било донесена одлука во склоп на националното право. Судот пресудил во корист на Владата бидејќи соодветниот договор владее на неизобличен пазар што е еден од фактите за кои Комисијата може да ја оспори италијанската влада. Како индивидуалец, г-дин Коста немал углед за да ја оспори одлуката бидејќи одредбата на тој договор немала директен ефект. Но, тој имал можност да го сврти вниманието на правото на ЕЗ кон националната власт со помош на судска постапка пред судовите на неговата земја-членка. Сепак, Европскиот суд на правда не се сложил со италијанската влада. Тој пресудил дека правото на ЕЗ би немало ефект доколку г-дин Коста не би можел да го оспори националното право врз основа на неговата наводна неусогласеност со правото на ЕЗ.
 
=Директен ефект=
Главна статија: Директен и индиректен ефект
 
Правото на ЕУ опфаќа широк спектар кој може да се спореди со оној на правните системи на самите земји-членки. Се смета дека и одредбите од Договорите и регуалативите на ЕУ имаат хоризонтално „директен ефект“. Тоа значи дека граѓаните можат да се потпрат на правата кои им се доделени (и обврските кои произлегуваат од нив). На пример, една стјуардеса може да ја тужи авиокомпанијата во која работи поради сексуална дискриминација. Другиот главен правен инструмент на ЕУ, „директивите“ имаат директен ефект, но само „вертикално“. Граѓаните не можат да се тужат едни со други врз основа на директивата на ЕУ, бидејќи тоа се однесува на земјите-членки. Директивите им овозможуваат некаков избор на земјите-членки во начинот на кој тие ја пренесуваат директивата во националното право - обично тоа се прави со донесување еден или повеќе законодавни акти како што се: Акт на Парламентот или законски иснтрумент во Обединетото кралство. Откако тоа ќе се случи, граѓаните можат да се потпрат на правото кое се спроведува. Тие можат да ја тужат само Владата и тоа „вертикално“ за неправилно спроведување на директивата. Еден таков пример е Директивата за обврска кон производите што ги прават компаниите одговорни за опасни и неисправни производи кои можат да им наштетат на потрошувачите.
 
=Основни права=
Главна статија: Повелба на основните права на Европската унија
 
Договорите на ЕУ, првенствено, не вклучуваат упатување за основните човекови права. Во 1964 година, Европскиот суд на правда пресуди во корист на Коста в Енел каде судот одлучи дека правото на Заедницата треба да биде во преден план во однос на националното право. Тоа значи дека националната власт не може да избега од она за што се согласила на европско ниво со донесувањето на спротивставени домашни мерки, но,исто така, тоа значело дека законодавецот ЕЕЗ непречено може да донесува закони врз основа на ограничувањата наметнети од страна на одредбите за основните права содржани во Уставот на секоја земја-членка. Ова претставуваше сериозен проблем во 1970 година со случајот на Германското трговско друштво Handelsgesellschaft кога Германскиот суд пресуди дека еден дел од законодавството на ЕУ го повредува основното германско право. По барање на Германскиот суд, Европскиот суд на правда пресуди дека примената на правото на Заедницата не може да зависи од неговата усогласеност со националните устави, што е случај со основните права како „составен дел од правото на Европската заедница“ и дека неусогласеноста на основното право би можело да ја формира основата за успешен предизвик на Европското право.
 
=Четирите слободи=
Главна статија: Четирите слободи на Европската унија
 
Јадрото на економската и социјална политика на Европската унија ја опфаќа и идејата за четирите слободи - слободно движење на добра, капитал, услуги и работна сила. Понекогаш, кон овие четири слободи се приклучува и слободното право на основање, па затоа уште се познати и како петте слободи каде разликата е ништо друго туку називот т.е. сите се однесуваат на истите области од материјалното право.
 
=Движење на добра=
Главна статија: Слободно движење на добра
 
Одредбите кои се однесуваат на слободното движење на добра се наоѓаат уште во првото поглавје од Договорот на европската заедница. Во периодот помеѓу двете светски војни и доаѓањето на Големата депресија, Владите во целиот свет применија жестоки политики на национален протекционизам. Појавата на царина и царински давачки за увоз, а понекогаш и за извоз на добра, се смета за причина на падот на трговијата, а оттука и за застојот на економскиот раст и развој. Економистите, како Адам Смит и Давид Рикардо, уште одамна кажаа дека богатсвото на народите би можело да се засили само преку долгорочно намалување и укинување на бариерите и трошоците на меѓународната трговија. Укинувањето на сите овие бариери е во функција на одредбите на Договорот. Според член 28 од Договорот на ЕЗ:
 
=Движење на работна сила=
Главна статија: Слободно движење на работна сила
 
=Движење на капитал=
Главна статија: Слободно движење на капитал
 
=Основање и услуги=
Главна статија: Слобода на основање и Слобода за давање услуги
 
=Закон за конкурентност=
Главна статија:Закон за конкуренција на Европската унија
Економски приказ на огромната загуба на ефикасност која ја предизвикаа монополите
 
=Заговор и картели=
Види исто така и: Заговор и Картели
 
Член 81 (1) од Договорот на Европската заедница забранува:
 
=Доминантност и монопол=
Види исто така и: Доминантност во економијата и Монопол
 
Член 82 од Договорот на ЕЗ ја забранува злоупотребата на големите корпорации кои доминираат на пазарот.
 
=Спојување и присоединување=
Погледни исто така и: Спојвање и присоединување
 
Според член 82 од Договорот на ЕЗ, Европската комисија не само што има можност да го регулира однесувањето на големите фирми кои ја злоупотребуваат својата доминантна позиција и моќ на пазарот, туку и можноста на овие фирми да добијат позиција во рамките на пазарната структура која им овозможува да се однесуваат грубо. Регулативата 139/2004 се справува со спојувањето кое има „европска димензија“ и наведува постапка каде целата „концетрација“ (т.е. спојувања, присоединувања, преземања) меѓу претпријатијата подлежи на дозвола од Европската комисија.
 
=Регулатива на јавниот сектор=
Главна статија: Регулатива на Европската комисија
 
Индустриите на јавниот сектор односно индустриите кои овозможуваат јавна услуга се вклучени во законот за конкурентност на многу сличен начин како и приватните претпријатија. Член 86 и 87 од законот на Европската заедница ја исклучуваат одредбата на услужниот сектор за загарантирано остварување. Затоа, многу индустрии како што се железницата, телекомуникациите, електричната енергија, гасот, водата и медиумите имаат свој независен регулаторен сектор. Овие владини агенции имаат за цел да ги осигураат приватните добавувачи дека обврските од одредена јавна услуга ги извршуваат во согласност со целите на јавната благосостојба.
=Кривично право=
 
Во 2006 година, токсичен отпад од европски брод се прелеа на Брегот на слоновата коска што ја поттикна Комисијата да го разгледа законодавството за токсичен отпад.Комесарот за животна средина Ставрос Димас изјави дека „таков високо токсичен отпад никогаш не требало да ја напушти Европската унија.“ Затоа, комесарот за правда, слобода и безбедност Франко Фратини, заедно со Димас, предложија воведување кривична казна за извршување „еколошко-кривични дела“. Во 2005 година, судот на правда го оспори неговото право да го стори тоа што резултираше со победа на Комисијата. Оваа пресуда претставува преседан за Комисијата на меѓународно ниво што може да се озакони во кривичното право - нешто што никогаш не се случило без претходно да е наведено во оговорите. Досега, единствената таква употреба била Директивата за правата на интелектуална сопственост. Во Европскиот парламент беа поднесени предлози против воведување на тој закон врз основа на тоа дека кривичното право не треба да е во надлежност на ЕУ што беше одбиено на гласање. Сепак, во октомври 2007 година, судот на правда пресуди дека Комисијата не предлега какви треба да бидат кривичните санкции, туку само дека е потребно да се изречат.
 
Види исто така и:
 
Портал на Европската унија European Union portal
 
 Област на слобода, безбедност и правда
 Повелба на основните човекови права на Европската унија
 Патент на Заедницата
 Corpus Juris or правото на Заедницата
 Директен ефект
 Директива 95/46/ЕЗ за заштита на личните податоци
 Закон за конкурентност на ЕУ
 EudraLex
 EUR-Lex
 Статут на европско претпријатије и Европско кооперативно општество  Европски навигатор
 Четирите слободи на ЕУ
 Gold-plating
 Домашна државна регулатива
 Државна регулатива на земјатадомаќин
 Случаен ефект
 Индиректен ефект
 Список на пресуди од Европскиот суд на правда
 Мастер студии по европско право
 Максимално усогласување
 Минимално усогласување
 Наднационално право
 
Наводи
 
 Крег, Пол; Gráinne de Búrca (2007). Правото на ЕУ, текст, предмети и материјали (четврто издание) Оксфорд, Њујорк: Oxford University Press . ISBN 978-0-19-927389-8.
 
 Штајнер, Јозефина; Лорна Вудс; Кристијан Тњиг Флеснер (2006). Правото на ЕУ (деветто издание). Оксфор, Њујорк: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-927959-3.
 
 Бернанд, Катерина (2007). Материјалното право на ЕУ. Четирите слободи (второ издание) Оксфорд, Њујорк: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-929839-6.
 
 Тоблер, Криста; Беглингер, Жак (2010). Суштинското право на ЕУ во графикони (второ издание), Будимпешта: HVG-ORAC, здружени објавувања на Институтот за правни науки „Е.М. Мајерс“ при Универзитетот „Лајден“. ISBN 978-963-258-086-9. Со вебстраница: Eur-charts.eu Претставување/ графичко претставување на правото на ЕУ во форма на графикони/шеми.
 
=Надворешни врски=
 
 EUR-Lex – интернет пристап до постојното и предложеното законодавство на Европската унија.
 
 EUR-Lex: Договори
 
 Краток преглед на законодавството на ЕУ
Анонимен корисник