Митралез: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Поправени се печатни грешки, термините се ускладени со вообичаените
Додадени „историја“ и „етимологија“
Ред 5:
'''Митралез''' е автоматско оружје наменето за брза, постојана стрелба, обично со 500-1000 истрели во минута. Произведено во доцниот XIX век од пронаоѓачи како што е [[Хајрем Максим]], целосно го променил современото војување. На бојното поле во текот на [[Прва Светска војна|Првата Светска војна]] преовладувале митралези со реденици, кои биле малку променети во [[Втора Светска војна|Втората Светска војна]]. Модерните митралези се класифицираат во три групи: ''пушкомитралез'', оружје за рафална стрелба со малокалибарска муниција, со кое ракува еден војник; ''општонаменски митралез'', со голема моќ на рафална стрелба, се ракува од двајца; и тежок митралез со калибар од 12,7 mm или повеќе, често пати поставуван на [[оклопно возило]].<ref>''Британика Енциклопедиски Речник''. Топер, Скопје, 2005, Книга 6, стр. 134.</ref>
 
== Историја ==
Првиот митралез, во современа смисла на зборот, бил конструиран од американскиот конструктор [[Хајрем Максим]] во 1883 година. Максим сметал дека неговиот пронајдок најдобро ќе им го продаде на европските нации кои во тоа време се подготвувале за војна. И не се излажал. Кон крајот на XIX и почетокот на XX век, неговиот митралез бил прифатен од главните европски сили: Велика Британија, Германија и Русија. Првата примена митралезот на Максим ја имал во британските колонијални војни во Јужна Африка. Во Руско-Јапонската војна станало јасно дека митралезот е моќно оружје кое заслужува место во првите борбени редови, а ѕвездените моменти му биле во Првата светска војна. Во текот на војната се појавиле и множество митралези од други конструкции, почнала да се прави диференцијација меѓу митралез и пушкомитралез, митралези се монтирале на авиони и на оклопни возила.
 
Во периодот меѓу двете светски војни митралезите се усовршуваат и се специјализираат. Се појавуваат специјални противавионски митралези, се конструираат митралези наменети за употреба во тенкови, како и специјални авионски митралези. Во тој период пушкомитралезот дефинитивно го добива своето место во пешадиското одделение.
 
Развојот на технологијата и на производните сили овозможиле во текот на Втората светска војна разните типови митралези масовно да се применуваат од сите завојувани страни на сите боишта. Паралелно со еволутивниот развој, се појавиле и нови концепции за примената на митралезот. Најзначајна новост е германската концепција на универзален митралез отелотворена во [[MG42]]. Според оваа концепција, едно исто оружје, кога се користи од рака или потпрено на вграден двоножен потпирач, претставува пушкомитралез, а доколку се користи монтирано на стабилен лафет, претставува општонаменски митралез.
 
== Етимологија ==
Зборот „митралез“ е преземен [[Француски јазик|францускиот]] збор „mitrailleuse“, на којшто пак основата му е терминот „boîte à mitraille“ - [[картеч]].
 
== Наводи ==