Џакомо Пучини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[Податотека:GiacomoPuccini.jpg|десно|мини|250п|Џакомо Пучини]]
'''Џакомо Антонио Доменико Микеле Секондо Мариа Пучини''' (Giacomo Antonio Domenico Michele Secondo Maria Puccini) ({{роден на|22|декември|1858}}] - {{починал на|29|ноември|1924}}), италијански оперски композитор, претставник и предводник на музичкиот правец [[Веризам]], еден од најголемите оперски композитори на сите времиња, сметан за директен наследник на [[Џузепе Верди]]. Мајстор за женските ликови, кои секојпат играат доминантната улога во неговите дела, но и во неговиот живот. Ревносен фанатик, речиси без некој особен музички талент, сиот свој успех го дожи на макотрпна работа. Денес неговите опери се неизбежен репертоар на сите помали или поголеми оперски куќи низ светот.
Ред 5 ⟶ 4:
 
== Почетоците ==
Роден е во [[Лука]], мало гратче во [[Тоскана]], на брегот на [[Лигурското мореМоре]], во музичко семејство пет генерации наназад. Учи музика кај свој роднина, но сметан е за премногу неодговорен и недисциплиран. За да може да се издржува, го поставуваат како органист и хормајстор во капелата во Лука, место кое претходно го држел и неговиот татко. Во седумдесеттите години на [[XIX век]] низ цела [[Италија]], голем настан претставувала [[Верди]] ''[[Аида]]'', па со брат му Микеле поминуваат 30 километри пеш до [[Пиза]], само за да можат да присуствуваат на нејзината изведба. Оттогаш животот на младиот Џакомо се променува.
 
Во [[1880]] се запишува на Миланскиот Конзерваториум и учи композиција кај прославениот композитор на операта ''[[Џоконда]]'', [[Амилкаре Понќели]]. Истата година, на 21, го пишува своето прво дело, Миса, која денеска ја знаеме под името Messa di Gloria, во која се рефлектира петгенерациската посветеност на семејството Пучини кон [[Католичката црква]]. На конзерваториумот извесно време колега му бил [[Пјетро Маскањи]], кој, незадоволен од бирократијата затекната таму, го напушта, оформувајќи своја оперска трупа. Уште како студент ја пишува својата прва опера, ''[[Ле Вили]]'', во 1884, која е прифатена со осреден успех од страна на публиката, би се рекло рамнодушно, но го привлекува вниманието на [[Џулио Рикорди]], тогашен најмоќен и најголем музички издавач во цела Италија и пошироко. Се договараат за наредниот проект, операта ''Едгар'', премиерно изведена во 1889 во [[Миланската Скала]], која критички настроената публика на прославениот театар ја прима студено; првиот голем неуспех на Пучини.