Социјалистичка Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
 
Поимотните луѓе во градовите и во селата, иако најголем дел од нив го помагал партизанското движење, осудувани се на долгогодишен затвор за да им се земе имотот и да се создаде база на државна сопственост. Така е уништуван економскиот граѓански слој во Македонија и земјата е комплетно пролетаризирана.
 
=== Државен терор ===
 
Имено, [[ВМРО]] како политичка организација на Македонците можеше да биде центар што би прераснал во политички конкурент на КП. Намерата, пак, процесите против опонентите на КП без оглед на кој слој на населението припаѓале, да бидат водени така што ќе се докаже дека обвинетите биле поврзани со ВМРО на [[Ванчо Михајлов]], имала цел осудуваните да ги поврзе со терористичка организација и споменот за ВМРО да остане само спомен за она што било под раководство на Ванчо Михајлов. Специфична непријателска средина партијата утврдила во [[малцинства]]та, особено во турското и во албанското малцинство, и спрема тие луѓе е водена политика на елиминација.
 
Целта на раководството на КП била да создаде општество во Македонија во согласност со [[ленин]]истичките принципи на Комунистичката партија. Се барало и интелигенцијата и свештенството да се приспособат на тие принципи и да се елиминира секаква можност на слобода и [[плурализам]] во [[економија]]та, во политичкиот и во општествениот живот. Паралелно се градеа и институциите на македонската држава, првпат во поновата историја. Но и тој процес и' беше подреден на потребата од комплетна доминација на КП во животот на македонското општество. Затоа беа елиминирани барем половината од оние што ги градеа државата и државните институции. Така на пример, од вкупно 22 члена на [[Иницијативeн одбор на АСНОМ|Иницијативниот одбор]] на [[АСНОМ]], 10 члена се изложени на [[репресија]], а од вкупно 22 члена на [[Президиумот на АСНОМ]], 11 се изложени на репресија.
 
Според првата и единствена официјална "Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и [[обединета Македонија]]", изработена од МВР во [[1993]] година, во периодот [[1945]]-[[1985]] година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1200 припадници, чие дејствување било насочено кон ''отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија''. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години.
 
Во периодот од [[1945]] до [[1980]] година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.
 
За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при [[МВР]] и 22000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот [[Идризово]], или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за независна [[Република Македонија]] и за идеалите на [[ВМРО]].
 
Според неофицијални податоци, во периодот [[1949]]-[[1951]] биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2500 политички затвореници.
 
== Прва влада на НРМ ==