Разлика помеѓу преработките на „Лепенец“

Нема измена во големината ,  пред 9 години
нема опис на уредувањето
'''Лепенец''' (''[[албански]]: Lepenci; [[српски]]: Lepenac'') е македонска река, притока на [[Вардар]].<ref>''Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6''</ref> Извира од планината [[Жар (планина)|Жар]], во [[Косово]], на височина од 1.860 m, а се влева кај населбата [[Злокуќани]] во [[Скопје]], на височина од 253 m. Од изворот до [[Качаничка Клисура|Качаничката Клисура]] тече во правец запад-исток, а
потоа свртува во правец југ-југоисток. Долга е 75 km, има вкупен пад од 1.603 m и просечен пад од 21,4‰. На територијата на Македонија влегува кај селото [[Блаце (Скопско)|Блаце]] и има должина од 21 km. Сливот зафаќа површина од 770 km², од која на Македонија ѝ припаѓаат 167,76 km². Средногодиш ниот протек пред вливот во реката Вардар изнесува 10,0 m³/сек.<ref>''Vlečniot nanos na reka Lepenec i negovotovlijanie za regulacija na rečnoto korito, Živko Škoklevski, Sl Krstevska; Univerzitet "Kiril i Metodij", 1982''</ref>
[[Слика:Лепенец.jpgJPG|thumb|250px|Реката Лепенец кај железничкиот мост помеѓу [[Бардовци]] и [[ЖС „Ѓорче Петров“]]]]
== Наводи ==
{{наводи}}