Разлика помеѓу преработките на „Дебело црево“

Додадени 12.798 бајти ,  пред 10 години
с
Отстрането уредувањето на 62.162.216.96 (разговор), вратено на последната верзија на SieBot
(Целосно избришана страница)
с (Отстрането уредувањето на 62.162.216.96 (разговор), вратено на последната верзија на SieBot)
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Дебелото црево''' ([[Латински јазик|латински]]: ''intestinum crassum'') е дел од [[Систем за варење|системот за варење]] кој се надоврзува на тенкото црево. Долго е околу 1,5 метри, но, за разлика од [[Тенко црево|тенкото]], има поголем дијаметар. Се диференцира на 3 дела:
 
* [[Слепо црево]] (''coecum'') со ''црвовиден израсток'' (''appendix vermiformis'');
* [[Колон]] (''Colon'');
* [[Право црево]] (''Rectum''), со кое и завршува дигестивниот систем.
 
Дебелото црево е мускулно лигавичен цевчест орган и претставува завршен дел од системот за варење. Неговата должина изнесува околу 1,5 метри. Започнувајќи од десната бедрена јама дебелото црево формира рамка околу витките од тенкото црево. На дебелото црево се разликуваат три дела: [[слепо црево]], сито црево и право црево.
 
Слепото црево долго околу 8 cm. Во него завршува тенкото црево со илеоцекалниот отвор (''ostium ileocecale''). На отворот се наоѓа илеоцекален залосток изграден од две лигавични дипли. Залистокот го затвора отворот спречувајќи го враќањето на цревната содржина од дебелото во тенкото црево. На слепото црево е придодаден еден слеп црволик израсток (''appendix vermiformis'') погрешно означен како “слепо црево”. Дожината на [[апендикс]]от е променлива, но најчесто 7-8 cm.
 
Ситото црево според патот и местоположбата се дели на четири дела: нагорен колон (''colon ascendens''), напречен (''colon transversum''), надолен (''colon descesens'') и сигмоиден колон (''colon sigmoideum''). Меѓу нагорниот и трансферзалниот колон се наоѓа десен агол или флексура, а меѓу напречниот и надолниот колон се наоѓа лева количина флексура. Нагорниот и надолниот колон се неподвижни и сраснати за задниот стомачен ѕид, додека напречниот и сигмоидниот колон се слободни и подвижни.
 
[[Анус]]ното црево се наоѓа во малата карлица и тоа пред крстната и тртничката [[коска]]. Неговата должина изнесува 12 до 15 cm. Крајниот дел од [[ректум]]от завршува со анус (''anus''). Кружниот слој од мускулатурата на ректумот над анусот гради внатрешен [[сфинктер]] инервиран од симпатички влакна. Околу него се наоѓа еден напречно пругаст [[мускул]], тоа е надворешен сфинктер на анусот.
 
Во завршниот дел од ректумот се наоѓаат венски сплетови. Вените често пати се прошируваат во [[хемороид]]ални јазли коишто [[крв]]арат. На површината од дебелото со исклучок на ректумот се забележуваат три надолжни ленти или тении изградени од надолжниот мускулен слој. Меѓу нив се наоѓаат проширувања налик на ќесиња (''haustrae coli''). Лигавицата од дебелото црево формира напречни полумесечести дипли. Таа е мазна и нема цревни ресички.
 
== Функција на дебелото црево ==
Варење и репсорпција на храната речиси во потполност се остварува во тенките црева. Црвениот сок од дебелото црево не содржи [[ферменти]]. Главната компонента му е муцинот, а електрохемиската реакција му е алкална.
 
Во почетниот дел на дебелото црево делумно се одвива варење на недоварените продукти под влијание на ферментите што дошле со химусот од тенкото црево. Во исто време, тука завршува и ресорпцијата на минималните количини на [[глукоза]]та, аминокиселините, масните киселини и [[глицерол]]от.
 
Дебелото црево се одликува со богата црвена флора која во нормални случаи не му пречи на човекот. Црвените бактерии со своите [[ензим]]и ги разградуваат [[протеин]]ите, [[јаглехидрат]]ите и нивните деградациони продукти при што во дебелото црево се создаваат гасови: [[јаглерод диоксид]], [[водород]], [[сулфурводород]], [[метан]], [[азот]] и токсичните материи: [[индол]], [[скатол]], [[амонијак]] и др. Најголем дел од овие материи се елиминираат од организмот, а еден дел се ресорбираат и неутрализираат од страна на хепарот.
 
Цревните бактерии учествуваат во разградбата на [[целулоза]]та. Некои од нив се одговорни за синтеза на [[витамин]]ите, како што е случај со витаминот К.
 
== Движења на дебелото црево ==
 
Со перисталтичните движења химусот преку илеоцекалната валвула се префрлува во дебелото црево. Долж дебелото црево химусот се движи по пат на пендуларните и перисталтичните движења. Движењата се бавни, а со тоа се објаснува и долгото забавување на остатоците од храната во дебелото црево. Дебелото црево е инервирано од вегетативноит нервен систем (симпатикус и парасимпатикус).
 
== Ресорпција на дебелото црево ==
 
Дебелото црево од функционална гледна точка може да се подели на два дела. Во почетниот, проксимален дел од дебелото црево се одвива ресорпција на [[вода]] и [[електролит]]и, дисталната половина служи за депонирање на фекалните маси пред да бидат исфрлени во надворешната средина со актот на дефекација.
 
[[Натриум]]овите [[јон]]и се ресорбираат по пат на активен транспорт. Настанатите промени со електричниот потенцијал ги повлекуваат и [[хлор]]ните јони од празнината на дебелото црево. Тоа предизвикува создавање на разлика во осмотскиот притисок меѓу цревната празнина и цревната лигавица, па затоа водата го следи патот на натриумовите и хлорните јони. На тој начин се остварува ресорпција на водата од дебелото црево. Ресорбираните материи влегуваат во портален крвоток.
 
Лигавицата на дебелото црево лачи [[бикарбонат]]ни јони во цревната празнина. Бикарбонатите вршат неутрализација на киселите продукти во химусот настанати од активноста на цревните бактерии врз хранливите продукти во химусот.
 
Во почетниот дел на дебелото црево под влијание на цревната флора се создаваат следниве витамини: витаминот К, витаминот Б12, [[тиамин]]от и [[рибофлавин]]от.
 
Создавање на гасови во дебелото црево е резултат на активноста на цревните бактерии.
 
== Дигестија во дебелото црево ==
 
Дигестијата и [[ресорпција]]та на [[храна]]та завршуваат во дебелото црево. Во отсуство на [[ензим]]и во цревниот сок од дебелото црево, активна е [[Цревна микрофлора|цревната микрофлора]] која ги разградува несварените состојки од храната. Како последица се ослободуваат [[гас]]ови ([[јаглерод диоксид]], [[сулфур]], [[водород]], [[метан]], [[азот]] и токсични материи, како [[амонијак скатол]] итн.). Одделни видови на [[Бактерија|бактерии]] учествуваат во [[биосинтеза]]та на [[витамин]]ите [[Витамин К|К]], [[Витамин B12|B<sub>12</sub>]], [[Витамин B2|B<sub>2</sub>]] и [[Витамин B1|B<sub>1</sub>]]). При долготрајна [[терапија]] со [[Антибиотик|антибиотици]], оваа флора може да се уништи, што е негативна последица.
 
Во дебелото црево, од несварените состојки на храната, секретите и цревните [[микроорганизми]] се формира [[фецес]]от. Во него понекогаш можат да се најдат и цревни [[паразит]]и. Тој се отстранува од [[Организам|организмот]] преку [[контракција]]та на [[Мазен мускул|мазните]] и [[Скелетен мускул|напречно-пругавите]] [[мускул]]и со процесот [[дефекација]].
 
[[Категорија:Дигестивен систем]]
 
[[ar:أمعاء غليظة]]
[[an:Bodiello ancho]]
[[arc:ܡܥܝܐ ܥܒܝܐ]]
[[zh-min-nan:Toā-tn̂g]]
[[bs:Debelo crijevo]]
[[bg:Дебело черво]]
[[ca:Intestí gros]]
[[cs:Tlusté střevo]]
[[cy:Coluddyn mawr]]
[[da:Tyktarmen]]
[[de:Dickdarm]]
[[en:Large intestine]]
[[es:Intestino grueso]]
[[eo:Dika intesto]]
[[fa:روده بزرگ]]
[[gl:Intestino groso]]
[[ko:대장 (해부학)]]
[[hy:Հաստ աղիք]]
[[hr:Debelo crijevo]]
[[he:המעי הגס]]
[[ht:Gwo trip]]
[[la:Intestinum crassum]]
[[lv:Resnā zarna]]
[[ms:Usus besar]]
[[mn:Бүдүүн гэдэс]]
[[nl:Dikke darm]]
[[ja:大腸]]
[[no:Tykktarm]]
[[pnb:وڈی آندر]]
[[pl:Jelito grube]]
[[pt:Intestino grosso]]
[[qu:Rakhu ch'unchul]]
[[ru:Толстая кишка]]
[[sah:Халыҥ оhоҕос]]
[[simple:Large intestine]]
[[sk:Hrubé črevo]]
[[sl:Debelo črevo]]
[[so:Mindhicirka weyn]]
[[sr:Debelo crevo]]
[[sh:Debelo crijevo]]
[[fi:Paksusuoli]]
[[sv:Tjocktarm]]
[[tl:Malaking bituka]]
[[tr:Kalın bağırsak]]
[[uk:Товстий кишечник]]
[[vi:Ruột già]]
[[war:Dako nga tina-i]]
[[zh:大肠]]