Разлика помеѓу преработките на „Штокавско наречје“

нема опис на уредувањето
<includeonly></includeonly>'''Штокавското наречје''' зафаќа најголем дел од српскохрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела [[Србија]], [[Црна Гора]], [[Босна и Херцеговина]] и во голем дел од [[Хрватска]], источно и југоисточно од нејзините [[чакавски]] и [[кајкавски]] наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на островот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со [[македонскиот јазик]] и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија.
Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас [[јат]], штокавското наречје се дели на [[Екавски изговор]], [[Ијекавски изговор]] и [[Икавски изговор]], а во однос на развојот на акцентот и формата - на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).
 
== Поврзано ==
* [[Хрватски јазик]]
* [[Српски јазик]]
* [[Босански јазик]]
* [[Црногорски јазик]]
 
{{Хрватска-никулец}}
{{БИХ-никулец}}
{{Србија-никулец}}
{{Црна Гора-никулец}}
 
[[Категорија:Хрватски јазик]]