ДНК: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Отстрането уредувањето на 62.162.219.71 (разговор), вратено на последната верзија на ArthurBot
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Деоксирибонуклеинска киселина''' ('''ДНК''') е [[нуклеинска киселина]] која се содржи само во [[јадро]]то на [[клетка]]та, за разлика од [[РНК]] која се среќава и во [[цитоплазма]]та. Основната градба на ДНК е иста кај сите видови [[Организам|организми]], со исклучок на некои [[вирус]]и. [[Молекул]]от на ДНК е изграден од две [[полинуклеотид]]ни низи, специфично извиени во двојна спирала. Секоја низа е [[полимер]] од [[мономер]]ни единици-[[нуклеотид]]и. Основна структурна единица на ДНК претставува нуклеотидот. Тој е составен од три хемиски соединенија ковалентно сврзани. Превото соединение претставува пентозен шеќер, по кој се разликуваат ДНК и РНК, поточно деоксирибоза која влегува во состав на ДНК и рибоза која влегува во состав на РНК. Второто сеоединение е азотна база на пуринот или пирамидинот која е ковалентно сврзана за првиот јаглероден атом (1С) на пентозата, при што се создава '''нуклеозид'''. Во молекулот на ДНК од пуринските бази влегуваат:аденин(А) и гванин(G), а од пирамидинските бази: цитозин(С)и тимин(Т). Во молекулот на РНК се наоѓаат истите бази, но на местото на тиминот доаѓа урациот(U). Третото соединение во нуклеотидод претставува фосфорна група или фосфорна киселина. Молекулите на ДНК се разликуваат по големина (која зависи од бројот на нуклеотиди). Така, вирусната ДНК има неколку илјади нуклеотиди, ДНК на [[бактерија]]лниот [[хромозом]] има неколку милиони нуклеотиди, а во 46-те хромозоми на човекот - неколку милијарди нуклеотиди. ДНК е одговорна за пренесувањето на [[Наследни својства|наследните својства]] на организмите, како и за нивната [[менливост]]. Таа е материјален носител на информацијата за [[синтеза на протеини]]те и рибонуклеинските киселини (РНК).
 
[[Категорија:Биохемија]]
[[Категорија:Генетика]]
 
{{Link FA|de}}
{{Link FA|en}}
 
{{Link FA|pt}}
{{Link FA|ru}}
{{Link FA|uk}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/ДНК