Берлински конгрес: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 84:
 
Оттогаш па натаму идејата за автономија на Македонија ќе биде водечка идеја што ќе го мотивира национално ослободителното и револуционерното движење во земјата, добивајќи во различни услови и различни облици, меѓутоа, секогаш присутна како барање и настојување македонскиот народ да добие свои државно-правни рамки. Автономијата за Македонецот стана идеал на кој тој му ја посвети својата идна борба за национална и политичка слобода и од простата причина што утврдувањето на автономниот државно-правен статус на Македонија беше зацртан во државно-правен акт од меѓународен карактер. На тој начин, за првпат во политичката историја на Македонија нејзе ѝ се признава автономен статус и таа се третира како посебна етничка заедница и територијална единица. Практично, со членот 23 од Берлинскиот договор Македонија се конституира како автономна област во своите геополитички и етнички граници во рамките на Турската империја. На овој начин Македонија стана субјект во меѓународните односи и се здоби со признавање како „етнички територијална единица со елементи на своја самобитност и самоуправување“.
 
=== Големобугарски аспирации ===
[[Податотека:Bulgaria-San_Stefano-Berlin_1878.jpg|thumb|right|300px|Границите на Бугарија пред и по Берлинскиот конгрес.]]
 
Со Санстефанскиот договор, Бугарија добила огромни територии од Отоманската империја, вклучувајќи ја целата територија на географска Македонија, но и делови од денешна Србија ([[Пирот]], [[Врање]]) и Албанија ([[Корча]]). Со Берлинскиот конгрес, оваа ситуација е значајно изменета, при што [[Источна Румелија]] повторно станала oтоманска провинција, како и Македонија. Исто така, денешни делови од Србија и Романија биле доделени на тие земји.
 
Иако Санстефанскиот договор живеел само три месеци, тој создал во Бугарија фикција за Голема Бугарија, која иако никогаш не се реализирала, сепак, подоцна ќе биде главен поттикнувач на големобугарските амбиции и сериозен фактор за нестабилноста на Балканот.
 
== Видете и ==