Таки Даскало: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Нова страница: '''Тодор Николовски – Таки Даскало''' (17 ноември 1921 е роден како прво дете...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тодор Николовски – Таки Даскало''' ([[17 ноември (родени)|17 ноември]] [[1921]] - [[1942]]) е роден како прво дете во семејство на битолски книжар. Годините како младинец ги поминал во изучување на занает за да се оспособи што побрзо за живот. По природа благопријатен, но и со буен карактер кој не трпи неправди и компромиси се определува со вжарен ентузијазам за борба против секаков вид на експлоатација и ропство. Мислата му била да биде што поблиску до народот, до трудбениците од градот и селото и тоа е причина да се определи за учителската работа. Во Учителското училиште во [[Скопје]], каде го испраќаат родеителите, тој влегува во кругот на напредните младинци кои го создаваа јадрото на антифашистичката борба.
 
Оваа пројавена активност на Тодор Николовски – Таки Даскало не и се допаднла на дирекцијата на училиштето, на нејзините наставници, меѓу кои имало голем број со монархистичко настроение и на политичка кусогледост и затоа го отстрануваат од училиштето. Благодарение на високо развиениот револуционерен дух, Таки Даскало бил приморан да отпатува во [[Црна Гора]] и да се запише во училиштето за учители во [[Цетиње]].