Карл Фридрих Шинкел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
Во периодот помеѓу 1808 и 1817 г. Шинкел го обновил замокот [[Розенау (замок)|Розенау]] во Кобург во [[неоготика|неоготски]] стил.<ref>Charles Quest-Ritson, '[http://books.google.com/books?id=gIYghIYipC8C&pg=PA64#v=onepage&q=&f=false Coburg: Schloß Rosenau]', во ''Gärten in Deutschland'', стр. 64 {{de}}</ref>
 
Во најактивниот период, Шинкеловиот стил се одликува со осврт кон [[Старогрчка архитектура|старогрчката]] наместо римската архитектура, сакајќи да се држио што понастрана од стилот на француските окупатори. Неговите најпознати зданија се наоѓаат во и околу Берлин. Тука спаѓаат [[Нова стражарница|Новата стражарница]] (1816–1818), [[Концертен дом (Берлин)|Концертниот дом]] (тогашен Драмски театар) (1819–1821) на плоштадот [[Жандарменмаркт]], како и [[Стар музеј (Берлин)|Стариот музеј]] на [[Музејски остров|Музејскиот остров]] (1823–1830).
 
Подоцна во кариерата, Шинкел сосем се оддалечил од класицизмот и почнал да работи исклучиво во [[неоготика|неоготски]] стил, започнувајќи со црквата [[Црква Фридрихсвердер|Фридрихсвердер]] (1824–1831). [[Градежна академија (Берлин)|Градежната академија]] (1832–1836) е најиновативното Шинкелово здание, кое ги отфрла историските традиции и гравитира кон „модернистичка“ архитектура која се јавува во Германија дури на почетокот на XX век.
 
[[Податотека:Schauspielhaus berlin.jpg|мини|лево|220п|Скица за „Новиот (Драмски) театар“ во Берлин (денес [[Концертен дом (Берлин)|Концертен дом]])]]
 
Но Шинкел е особено значаен по бројните теоретски трудови и нацрти, наспроти релативно малкуте објекти изведени по негова замисла. Неховите најголеми доблести се забележуваат во плановите за неостварената препобразба на атинскиот [[акропол]] во кралски дворец за новото [[Кралство Грција]] и дворецот Оријанда на [[Крим]]. Овие, и други проекти се обработуваат во неговите дела „Збирка од архитектонски нацрти“ (''Sammlung architektonischer Entwürfe'', 1820–1837) и „Дела на вишата градежна уметност“ (''Werke der höheren Baukunst'', 1840–1842; 1845–1846).