Карл Фридрих Шинкел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Schinkel1.jpg|мини|десно|200п|Шинкел во 1826]]
[[Податотека:2009-04-07 Berlin 520.jpg|мини|десно|250п|Стариот музеј во Берлин]]
'''Карл Фридрих Шинкел''' ([[герм.]] ''Karl Friedrich Schinkel''), ({{роден на|13|март|1781}} – {{починал на|9|октомври|1841}}) бил [[Прусија|пруски]] [[архитект]], [[урбанизам|урбанист]], сликар, сценограф и меблист. Своевремено бил меѓу најважните архитекти во [[Германија]], со неговите [[неокласицизам|неокласични]] и [[неоготика|неоготски]] зданија .<ref>[http://www.encyclopedia.com/doc/1O2-SchinkelKarlFriedrich.html Шинкел, Карл Фридрих] на еncyclopedia.com {{en}}</ref>.
 
Шинкел е роден во [[Нојрупин]] во [[Мареграфство Бранденбург|Мареграфството Бранденбург]]. На шестгодишна возраст го изгубил татка си, во катастрофалниот пожар во Нојрупин. Учел архитектура во [[Берлин]] кај [[Фридрих Жили]] (1772–1800) (станале блиски пријатели) и татко му, Давид Жили. По првата посета на Италија во 1805, Шинкел се вратил во Берлин и почнал да работи како сликар. Во 1816, работејќи како сценограф, ја изработил ѕвездестата позадина за сцената со „Кралицата на ноќта“ од [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцартовата]] опера „[[Волшебната флејта]]“. При посета на берлинската уметничка изложба, Шинкел ја здогледал сликата „[[Талкач над морето од магла]]“ од [[Каспар Давид Фридрих]] и заклучил дека самиот тој никогаш нема да стане таков мајстор, па конечно се насочил кон архитектурата. По поразот на Наполеон, Шинкел бил назначен на чело на Пруската градежна комисија. На оваа функција бил задолжен да го преуреди сè уште невелелепниот град Берлин и да го претвори во достојна метропола на Прусија. Работел и на поголеми задачи, водејќи крупни градежни проекти ширум проширените пруски територии од Рајнската област на запад до [[Кенигсберг]] на исток.