Разлика помеѓу преработките на „Карл Фридрих Шинкел“

с
нема опис на уредувањето
с
с
[[Податотека:Schinkel1.jpg|мини|десно|220п200п|Шинкел во 1826]]
[[Податотека:2009-04-07 Berlin 520.jpg|мини|десно|250250п|Стариот музеј во Берлин]]
'''Карл Фридрих Шинкел''' ([[герм.]] ''Karl Friedrich Schinkel''), ([[13 март]] [[1781]] – [[9 октомври]] [[1841]]) е [[Прусија|пруски]] [[архитект]], [[урбанизам|урбанист]], сликар, сценограф и меблист. Своевремено бил меѓу најважните архитекти во [[Германија]], со неговите [[неокласицизам|неокласични]] и [[неоготика|неоготски]] зданија <ref>[http://www.encyclopedia.com/doc/1O2-SchinkelKarlFriedrich.html Шинкел, Карл Фридрих] на еncyclopedia.com {{en}}</ref>.
 
Шинкел е роден во [[Нојрупин]] во [[Мареграфство Бранденбург|Мареграфството Бранденбург]]. На шестгодишна возраст го изгубил татка си, во катастрофалниот пожар во Нојрупин. Учел архитектура во [[Берлин]] кај [[Фридрих Жили]] (1772–1800) (станале блиски пријатели) и татко му, Давид Жили. По првата посета на Италија во 1805, Шинкел се вратил во Берлин и почнал да работи како сликар. Во 1816, работејќи како сценограф, ја изработил ѕвездестата позадина за сцената со „Кралицата на ноќта“ од [[Волфганг Амадеус Моцарт|Моцартовата]] опера „[[Волшебната флејта]]“. При посета на берлинската уметничка изложба, Шинкел ја здогледал сликата „[[Талкач над морето од магла]]“ од [[Каспар Давид Фридрих]] и заклучил дека самиот тој никогаш нема да стане таков мајстор, па конечно се насочил кон архитектурата. По поразот на Наполеон, Шинкел бил назначен на чело на Пруската градежна комисија. На оваа функција бил задолжен да го преуреди сè уште невелелепниот град Берлин и да го претвори во достојна метропола на Прусија. Работел и на поголеми задачи, водејќи крупни градежни проекти ширум проширените пруски територии од Рајнската област на запад до [[Кенигсберг]] на исток.
Подоцна во кариерата, Шинкел сосем се оддалечил од класицизмот и почнал да работи исклучиво во [[неоготика|неоготски]] стил, започнувајќи со црквата [[Црква Фридрихсвердер|Фридрихсвердер]] (1824–1831). [[Градежна академија (Берлин)|Градежната академија]] (1832–1836) е најиновативното Шинкелово здание, кое ги отфрла историските традиции и гравитира кон „модернистичка“ архитектура која се јавува во Германија дури на почетокот на XX век.
 
[[Податотека:Schauspielhaus berlin.jpg|мини|лево|220п|Скица за „Новиот театар“ во Берлин (денес Концертен дом)]]
 
Но Шинкел е особено значаен по бројните теоретски трудови и нацрти, наспроти релативно малкуте објекти изведени по негова замисла. Неховите најголеми доблести се забележуваат во плановите за неостварената препобразба на атинскиот [[акропол]] во кралски дворец за новото [[Кралство Грција]] и дворецот Оријанда на [[Крим]]. Овие, и други проекти се обработуваат во неговите дела „Збирка од архитектонски нацрти“ (''Sammlung architektonischer Entwürfe'', 1820–1837) и „Дела на вишата градежна уметност“ (''Werke der höheren Baukunst'', 1840–1842; 1845–1846).