Разлика помеѓу преработките на „Карл Фридрих Шинкел“

с
нема опис на уредувањето
с
с
Подоцна во кариерата, Шинкел сосем се оддалечил од класицизмот и почнал да работи исклучиво во [[неоготика|неоготски]] стил, започнувајќи со црквата [[Црква Фридрихсвердер|Фридрихсвердер]] (1824–1831). [[Градежна академија (Берлин)|Градежната академија]] (1832–1836) е најиновативното Шинкелово здание, кое ги отфрла историските традиции и гравитира кон „модернистичка“ архитектура која се јавува во Германија дури на почетокот на XX век.
 
[[Податотека:Schauspielhaus Berlin um 1825berlin.jpg|мини|лево|Скица за „Новиот театар“ во Берлин (денес Концертен дом)]]
 
Но Шинкел е особено значаен по бројните теоретски трудови и нацрти, наспроти релативно малкуте објекти изведени по негова замисла. Неховите најголеми доблести се забележуваат во плановите за неостварената препобразба на атинскиот [[акропол]] во кралски дворец за новото [[Кралство Грција]] и дворецот Оријанда на [[Крим]]. Овие, и други проекти се обработуваат во неговите дела „Збирка од архитектонски нацрти“ (''Sammlung architektonischer Entwürfe'', 1820–1837) и „Дела на вишата градежна уметност“ (''Werke der höheren Baukunst'', 1840–1842; 1845–1846).