Клучот на Соломон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Референци -> Наводи
Нема опис на уредувањето
Ред 8:
Судејќи според стилот со кој е напишана, книгата е од [[среден век]].<ref>Aurthur Edward Waite ''The Book of Black Magic'' pg. 70</ref> Многу од книгите кои му се припишуваат на [[Соломон]] се всушност напишани во средниот век.
 
Книгата содржи неколку параграфи инспирирани од текстовите наво [[Талмуд]]от и еврејската [[Кабала]].
 
Според митската историја на овој документ, кралот [[Соломон]] ја напишал книгата за својот син Робоам, и му наложил да ја скрие книгата во гроб заедно со него. Но, после многу години, книгата е откриена од група вавилонски философи. Приказната натаму вели дека никој не можел да ја толкува книгата, сè додека едниот од нив се сетил да го повика [[Бог]]а на помош. Тогаш пред него се појавил [[ангел]]от божји кој побарал заклетва од него да го крие текстот од слабите и недостојните, а потоа можел јасно да го сфати текстот.
 
== Содржина ==
 
''Клучот на Соломон'' е поделен во две книги. Првата книга содржи привикување, [[инвокација]] и клетви за повикување [[духови]] на умрени и [[демон]]и, кои би требало да му ги исполнат желбите на оној што ги повикува. Исто така објаснува како да пронајдеш украдени предмети, како да бидеш невидлив, да стекнеш наклоност и љубов, и така натаму.