Кочи Ѕоѕе: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
| опис = комунист
| родено-име = Коци Ѕоѕе
| роден-дата = [[19111917]]
| роден-место = {{роден во|Негован}}, [[Егејска Македонија]], [[Република Грција]]
| починал-дата = {{починал на|11|мај|1949}}
Ред 13:
}}
 
'''Коци Ѕоѕе''' е роден во [[19111917]] година во селото [[Негован]], [[Лерин|Леринско]], [[Егејска Македонија]]. Завршил грчка гимназија во [[Солун]]. Неговото семејство се преселило во [[Албанија]] во [[1930]] година. Таму влегол во редовите на комунистичката партија и бил еден од нејзините најактивни членови на подрачјето на [[Корча]]. Заради својата дејност е уапсен и затворен сè до [[1939]] година, кога успеал да побегне. За време на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] е еден од раководителите на комунистичкото движење во Албанија. Месец мај [[1944]] година е избран за заменик-претседател на Високиот совет на Албанија, и повишен во генерал-поручник. По војната е начело на Министерството за внатрешни работи, организатор на тајните служби за борба со антикомунистичкиот отпор. Исто така бил член на Политбирото и пратеник во собранието. Тој е човекот, кој бил најтесно поврзан со комунистичките лидери на [[Југославија]] и политички соперник на [[Енвер Хоџа]]. По прекинувањето на дипломатските односи меѓу Албанија и Југославија е тргнат од фукцијата начелник на МРВ. Наскоро по посетата на [[Москва]] од Енвер Хоџа ( 28 ноември [[1948]] година), е уапсен. На таен процес, на 11 мај [[1949]] година, заедно со група соработници ([[Темелко Кристо]], [[Панди Кристо]], [[Нести Керенџи]]) е суден од воен суд, при што му е изречена смртна казна и обесен. До ден денес не се знае каде е неговиот гроб.
 
Во своите сеќавања, Енвер Хоџа го опишува како југославски агент, оптоварен со одговорноста за масовиот терор спреведен во годините [[1944]]-[[1948]]. Советскиот новинар Аркадиј Пјервенцев, кој го следел процесот против него, го опишал така: „''Коци Ѕоѕе, тој малак маж кој спојува ѕверство и малодушност на чакал. Со помош на Тито се прикрива во својата сопствена земја, помагајќи на неговата економска инвазија во Албанија.''“.