Разлика помеѓу преработките на „Обединување на Италија“

с (Бот Додава: vi:Thống nhất nước Ý)
По револуцијата од [[1848]] г., [[Италија]] останала политички и економски расцепкана на повеќе самостојни државички. И покрај политичката расцепканост, во Италија се повеќе се развивало [[Капитализам|капиталистичкото]] стопанство со што економски јакнела [[буржоазија]]та која станала носител на националното движење. За обединување на Италија постоеле две гледишта. Едното го застапувала крупната буржоазија на [[Сардинското кралство]] на чело со [[Камило Кавур]], кој настојувал да ја обедини Италија по дипломатски пат, со помош од големите сили. За таа цел ја вовлекол Сардинија во [[Кримската војна]] ([[1853]]-[[1856]] г.). Како награда за тоа од францускиот император [[Наполеон III]] ги добил [[Савоја]] и [[Ница]]. Во [[1859]] г. [[Сардинија]] и [[Франција]] ја нападнале [[Австрија]] која ја држела [[северна Италија]]. Австрија била поразена кај [[Маџенто]] и [[Солферино]]. Ужасите од таа војна и страдањето на ранетите војници биле повод швајцарскиот лекар [[Анри Динан]] во [[Женева]] да предложи создавање на меѓународна организација - [[Црвен крст]], чија цел ќе биде давање помош на сите кои се во неволја. Во [[1863]] г. овој предлог бил прифатен и во чест на Динан, 8 мај, неговиот роденден бил прогласен за меѓународен ден на Црвениот крст. Второто гледиште за обединување на Италија го застапувал ситната буржоазија, интелигенцијата, селаните и работниците, кои сакале обединувањето да дојде по револуционерен пат, а Италија да се оформи како [[демократска република]]. Претставници на ова гледиште биле [[Џузепе Мацини]], идеологот на движењето и [[Џузепе Гарибалди]], организатор и водач на револуционерни одреди од доброволци. Поразот на австриската војска предизвикал револуционорното движење да се прошири во сите италијански области. Во [[1860]] г. на [[Сицилија]] започнало востание. На востаниците на помош им дошол Гарибалди со своите доброволци. Востаниците ги победиле [[Бурбони]]те и ја ослободиле Сицилија со што го прогласиле обединувањето на Сардинското царство, а во [[1861]] г. било прогласено обединување како италијанско кралство, на чело со кралот [[Виктор Емануел II]]. Надвор од кралството останале [[Ватикан|папската држава]] и [[Венеција|венециската област]]. Борбите за целосно ослободување продолжиле за време на [[австро-пруската војна]] од [[1866]] г. и за време на [[француско-пруската војна]] од [[1870]] г, кога [[Прусија]] ја разбила Франција, главниот заштитник на [[папа]]та. Италија го искористила тоа и ја присоединила папската држава со што завршило и нејзиното обединување. Престолнина станал градот [[Рим]], но наместо демократска република таа станала [[буржоаска монархија]] со агресивна политика.
 
Бизмарк патот за обединување на Германија го изразил со реченицата:Големите прашања на нашето време нема да бидат решени
== Користена литература ==
ни со говори ни со одлуки туку со помош на железо и крв.
 
* „Историја“ од Јорданка Патковиќ.
 
[[Категорија:Историја на Италија]]
 
[[af:Unifikasie van Italië]]
[[als:Risorgimento]]
[[ar:توحيد إيطاليا]]
[[bg:Рисорджименто]]
[[ca:Unificació italiana]]
[[cs:Risorgimento]]
[[da:Risorgimento]]
[[de:Risorgimento]]
[[el:Ιταλική ενοποίηση]]
[[en:Italian unification]]
[[es:Unificación de Italia]]
[[eo:Unuiĝo de Italio]]
[[fr:Risorgimento]]
[[fur:Risuriment]]
[[ga:Risorgimento]]
[[gl:Risorgimento]]
[[ko:이탈리아의 통일]]
[[hr:Ujedinjenje Italije]]
[[id:Unifikasi Italia]]
[[is:Sameining Ítalíu]]
[[it:Risorgimento]]
[[he:איחוד איטליה]]
[[ka:იტალიის გაერთიანება]]
[[la:Unificatio Italiae]]
[[hu:Risorgimento]]
[[nl:Risorgimento]]
[[ja:イタリア統一運動]]
[[no:Italias samling]]
[[nn:Samlinga av Italia]]
[[pl:Zjednoczenie Włoch]]
[[pt:Risorgimento]]
[[ro:Unificarea Italiei]]
[[ru:Рисорджименто]]
[[scn:Risurgimentu]]
[[simple:Italian unification]]
[[sk:Risorgimento]]
[[sl:Risorgimento]]
[[sr:Уједињење Италије]]
[[fi:Risorgimento]]
[[sv:Italiens enande]]
[[tr:İtalya'nın birleşmesi]]
[[vec:Risorgimento]]
[[vi:Thống nhất nước Ý]]
[[fiu-vro:Ütidse Itaalia luuminõ]]
[[war:Pag-urusa han Italya]]
[[zh:意大利統一]]
Анонимен корисник