Јордан Хаџи Константинов-Џинот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
StanProg (разговор | придонеси)
Ред 20:
Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во [[1845]] година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “''Плач на скопското училиште многотрудное''” (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии; “''Дионис Вакхо''” ; “''Труд ми е името''”, која е вистинска [[апотеоза]] на трудот; “''Рај божји''”; “''Аврора''” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; “''Крај реката Вардар''” и “''Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера''”, која е една од најдолгите песни во [[Македонија]] од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата [[Света Богородица]]. Тоа се “''Миневра и девет музи''”, “''Разговор или прави человек''”, “''Училиште и учение''”, “''Басна''”, “''Сербија шетаетсја в земел своих''”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски весник”, а во драмите „''Минерва и девет музи''“ и „''Сербија шетаетсја в земел своих''“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква лежи во македонското национално единство и слободната соработка на словенските земји. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно со [[Кирил Пејчиновиќ]] и [[Јоаким Крчовски]].
 
Во "''Цариградски весник''" и "Гјузел хисар"<ref>Йордан Хаджиконстантинов-Джинот - "Българин съм", „Абагар”, Велико Търново, 1993, Предговор, съставителство и редакция проф. д-р Иван Радев, стр. 31</ref> Јордан Хаџи-Константинов - Џинот на два пати се изјаснува како [[Бугари|Бугарин]], а [[Македонци|Македонците]] во целост ги определува како [[Бугари]].<ref>"Цариградски весник”, 21 jули 1851</ref><ref>"Цариградски весник”, 1 jaнуари 1859</ref>
 
== Објавени книги ==