Тестостерон: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 23:23, 12 септември 2005

Тестостеронот е машки полов хормон кој ги дава повеќето машки полови карактеристики. Се синтетизира во семениците. Лачењето на тестостеронот започнува во текот на феталниот и ембрионалниот период, при што лачењето се поврзува со поместувањето на тестисите од стомачната празнина во мошниците. Во пубертетот, лачењето се зголемува, додека околу 40-сеттата година од животот значително се намалува, но тој сепак продолжува да се лачи до крајот на животот. Неговото излачување е под контрола на гонадотропните хормони од хипофизата.