Биномна номенклатура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Формалниот систем на именување на [[вид (биологија)|видовите]] се нарекува '''биномна номенклатура''' или '''бинарна номенклатура'''.
 
Суштината на овој систем на именување е следнава: називите на видовите се образуваат од (новолатински научни) [[латински јазик|латински поими]] (т.е. новолатински поими или латинизции), и се состојат од два дела - [[род (биологија)|род]] и [[вид (биологија)|вид]], како на пр. ''[[Homo sapiens]]'' - името на човечкиот вод. Дводелното име на видот се нарекува '''латински назив'''. Меѓутоа [[биологија|биолозите]] и [[филологија|филолозите]] го претпочитаат поимот '''научен назив''' бидејќи зборовите што се користат не секогаш се латински, и покрај тоа што се латинизирани за да се ускладат. Имињата напати се изведуваат од [[старогрчки јазик|старогрчки]] корени или од разни други јазици. Доста видови се наречени по по презимето на некој истакнат научник, или пак латинизирана варијанта на некој локален топоним.
 
[[Карл фон Лине]] (познат и како „Линеј“ или ''Linnaeus'') одбрал именувањето да се врши со два збора, но притоа не го користел подоцнежниот целосен систем од седум категории (царство-колено-класа-ред-фамилија-род-вид.) Линеј се решил за биномна [[номенклатура]], користејќи ги само [[род (биологија) |родовото]] и [[вид (биологија)|видовото име или епитет]], кои заедно образуваат целосното име на видот. На пример, човекот припаѓа на родот ''Homo'', а видовото име му е ''sapiens''. Така, луѓето се класификуваат како ''Homo sapiens''. Првата буква од првиот збор секогаш е голема, додека онаа на вториот е мала, дури и ако е изведена од [[лична именка]] (име на лице или место). Родовите и пониските таксони секогаш се претставуваат со закосени букви, додека фамилиите и погорните таксони се оставаат напишани обично. Видовите можат да се поделат и на пониски [[Таксономски ранг|рангови]], така образувајќи „триномен назив“ за [[подвид]]ови и други пониски рангови („[[триномен]]“ за животни, а „[[тринарен назив]]“ за растенија).