Црква „Св. Петар“ - Голем Град: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за црква на Македонската Православна Црква |име=Свети Петар |слика=Freski...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
'''Свети Петар''' претставува една од седумте, но единствена целосно сочувана црква на островот [[Голем Град]] во [[Преспанското Езеро]]. Таа е изградена околу [[1360]] година, за време на владеењето на царот [[Волкашин]]<ref>{{цитирана книга|last=Velev|first=Ilija|title=Pregled na srednovekovni crkvi i manastiri vo Makedonija|publisher=Naša kniga|date=1990|language=македонски}}</ref>. До нејзе може да се пристапи единствено преку воден пат. Во црквата се влегува преку два влеза од западниот и јужниот ѕид. Нејзината архитектура е добро сочувана, а нејзина реконструкција последно е извршена во [[1934]] година. Црквата претставува нагласено висока градба без купола изградена од тули и кршен камен. Фреските во црквата се слабо зачувани и тоа на источниот, западниот и јужниот ѕид и делумно на јужната фасада. На источниот ѕид е претставена [[Богородица]] од Благовести. На јужниот ѕид веднаш до олтарниот простор насликани се светители во цел раст како и остатоци од претстави на два светители кои не можат да се идентификуваат, но видливи се делови од нивните ликови со ореоли, а потоа насликани се монаси. На западниот дел од јужниот ѕид видливи се остатоците од композициите средба на Јоаким и Ана, Раѓањето на Богородица, Првите чекори на Богородица и Благословот на тројцата Свештеници. На западниот ѕид претставени се [[Св. Теодосиј Киновијарх]] и [[Св. Ефрем Сирин]]. На овој ѕид видливи се и остатоци од претставите [[Св. Елена]] и [[Св. Костантин]] како и остатоци од [[Воведение]]то. Поради насликаните сцени на циклусот на Богородица се сметало дека црквата била посветена на Св. Богородица<ref>{{цитирана книга|title=Macedoniae acta archaeologica|publisher=Arheološko društvo na SR Makedonija|date=1989|edition=10|language=македонски}}</ref>. На јужната фасада постојат илустрации на настанот поврзан со настанувањето на Акатистот Богородичен. Поради долгите изложувања на надворешни влијанија зачуваниот живопис е во лоша состојба. Сепак некои делови можат добро да се забележат како што е ликот на [[Св. Роман Мелод]].
 
==Занимливост==
 
Тука е претставена една композиција со извонредно тематско значење. Станува збор за фреската каде првпат е претставена [[Опсада на Константинопол (626)| опсадата на Цариград ]] од страна на Персијанците и [[Авари]]те во [[626]] година. Оваа тема подоцна ќе стане една од најчестите во фрескописот во црквите во [[Молдавија]]. Меѓу композициите вредно е да се спомене и композицијата „''Бегство во Египет''”, која ретко се среќава во македонските средновековни цркви.
 
== Наводи ==