Разлика помеѓу преработките на „Стефан Стамболов“

нема опис на уредувањето
с (Бот Додава: tr:Stefan Stambolov)
[[Податотека:Statue_of_Stefan_Stambolov_in_Veliko_Tarnovo.jpg|thumb|right|Статуа на Стефан Стамболов]]
 
'''Стефан Стамболов''' ([[{{роден на|12 |февруари]] [[|1854]]}} - [[{{починал на|18 |јули]] [[|1895]]}}) бил бугарски [[револуционер]], [[новинар]], [[поет]], [[политичар]] и [[државник]], кој во [[1880]] год. станал народен пратеник и потпретседател на [[Народно собрание|Народното собрание]], а во [[1884]] и негов претседател.
 
Роден е во ([[Велико Трново|Трново]]). Учи во Трново и [[Одеса]]. Учесник е во револуционерните борби на [[Бугари|бугарскиот народ]] за ослободување пред [[1878]] г. Активен учесник е и во присоединувањето на [[Источна Румелија]] (против волјата на [[Русија]]) во [[1885]] г. Бил и еден од главните идеолози и организатори на [[Единство (комитети)|комитетите „Единство”]] [[1878]]-[[1879]]. Тој го помогнал и доаѓањето на [[Германија|германскиот]] принц [[Цар Фердинанд|Фердинанд I Сакс-Кобург-Готски]] ([[1861]]-[[1948]]) за бугарски кнез (1887), а самиот станал [[премиер]] со изразито прозападна и антируска ориентација. Бил ценет во западните држави како политичар, коj сакал да jа ослободи своjата земjа од зависност од [[Русија]]. Во периодот од 1 декември 1893 година до 31 мај 1894 година бил [[Министерство за образование и наука на Бугарија|министер на народното просвештение]] во [[Кнежество Бугарија]].