Разлика помеѓу преработките на „Облачен леопард“

с
нема опис на уредувањето
с (Бот менува: Референци -> Наводи)
с
}}
 
'''Облачниот леопард''' (''Neofelis nebulosa'') е средно голема [[Felidae|мачка]], долга 55-110 сантиметри и тешка од 15 до 23 килограми. Има жолто-кафено [[крзно]] кое е прошарано со големи, неправилно-обликувани, белези во форма на елипси, за кои се вели дека личат на [[облаци]] по што го добил и своето име (и [[народно име|народното]] но и [[научно име|научното]]). Ова животно се среќава во јужна [[Кина]], источниот дел на [[Хималаи]]те, [[Непал]], североисточна [[Индија]] и копнениот дел на [[југоисточна Азија]]. [[Борнејски облачен леопард|Борнејскиот облачен леопард]] (''Neofelis diardi'') е посебен [[вид]], кој го среќаваме на [[Суматра]], [[Борнео]] и островите [[Бату]] <ref>[http://news.bbc.co.uk/1/hi/sci/tech/6452555.stm Island leopard deemed new species.] BBC. Вчитано на 6 мај 2008</ref>. Овие две животни имаат значителни разлики во структурата на черепот, поради што се два различни вида кои спаѓаат во истиот род. Облачниот леопард долго време ги збунувал научниците со неговиот изглед и скелет. Изгледал како да е мешавина од голема и мала мачка. Научното име на родот ''Neofelis'' е добиено од ''neo'' што значи „нов“ и ''felis'' што значи „мала мачка“. Во буквален превод, родот означува нов вид на мала мачка.
== Карактеристики ==