Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 114:
{{Главна|Српска пропаганда во Македонија}}
 
[[Податотека:Илија Гарашанин.jpg|мини|Илија Гарашанин.]]
 
Основите на српската пропаганда се наоѓаат во ''[[Начертание]]то'' на [[Илија Гарашанин]] од 1844 година. Но српската пропаганда до 1868 година била далеку од тоа да созадава [[Срби]] во Македонија. Во 1868 година , по иницијатива на министерскиот совет во Србија се формираа ''Просветителен одбор'' кој имал за цел да отвара српски училишта во Македонија и започнуваа процесот на србизација на Македонците. Меѓутоа во текот на [[Руско-турска војна (1877-1878)|Руско-турската војна]], српските училишта во Македонија биле затворени со исклучок на она во Штип. Српската пропагнада во Македонија се засилила по обединувањето на кнежеството [[Бугарија]] и [[Источна Румелија]], кога српските владеачки кругови повикале да се преземат енергични мерки против бугарската пропаганда која ги загрозувала српските интереси во Македонија. Српската пропаганда сакала да дејствува преку [[Цариградската Патријаршија]] во Македонија и да добие остапки од Високата порта, односно печатење на српски книги на финансиска сметка на империјата.