Систематика: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 16:09, 9 септември 2005

Систематиката е биолошка наука чијшто предмет на проучување е разнообразието и класификацијата на организмите (монери, протисти, габи, растенија и животни). Целта на систематиката е детерминација на филогенијата. Систематичарите наидуваат на големи тешкотии при нивната работа, поради обемноста на живиот свет. Секоја година се опишуваат нови видови, посебно од недоволно истражените подрачја на Земјата, како тропските. Денес се претпоставува дека на Земјата живеат вкупно 40 милиони видови на организми.

Систематски дисциплини

1. Таксономија- Нејзин предмет на проучување се идентификацијата и именувањето на организмите. Уште античкиот грчки философ Аристотел ја започнал дискусијата за таксономијата. За време на 1700- тите, шведскиот ботаничар Карл Лине ги класифицирал сите тогаш познати организми во две големи групи: царството на растенија и царството на животни. Роберт Витакер во 1969 предложил пет царства: растенија, животни, габи, протисти и монери. Подоцна биле дадени други предлози со дури уште повеќе царства. Најновите истражувања сугерираат на три големи царства: архебактерии, бактерии и еукариоти, меѓутоа денес најчесто се среќаваме со Витакеровата поделба на живиот свет и со Линеовата хиерархиска класификација, која се базира на тоа дека видот е најмала категорија, а типот- највисока.

Линеова хиерархиска класификација

Лине ги класифицирал организмите на следниов начин:

* Тип Chordata (Хордови животни)
 * Класа Mammalia (Цицачи)
  * Ред Примати
   * Фамилија Hominidae
    * Род Homo
     * Вид sapiens