Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 95:
 
И затоа Бугарското министерство за внатрешни работи им наредило на администартивните, полициските и финансиските власти да се дејствува на сериозен начин врз селаните од [[Караќој]] и заедно со духованата власт по пат на закани, уцени и убедувања да им се каже дека ако не ја признаат [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]], ако не земат Бугарин за учител во селото и ако не ја признаат бугарската народност тогаш нема да им биде дозволено да одат на печалба во [[Бугарија]]<ref name="VG" />. Приотоа властите биле задолжени да ги пронајдаат сите жители од селото [[Караќој]] кои се на печалба, а за нивно пронаоѓање бил доставен список од 101 лице <ref name="VG" />. Министерството за внатрешни работи посебно им нагласило на финансиските власти дека треба серосзно да се влијае и притоа како средство за притисок да се искористи ''„патентовиот данок“'' или данок за занимање<ref name="VG" />. Имено сите оние кои немало да имаат потврда дека ја признаваат [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]] и во пасошите нема да им пишува дека се од бугарска народност, требало да бидаат обложени во највисоки размери, а во спротивно ако ја признавале бугарската народност данокот би требало да биде симболичен. Во иднина оваа мерка требало да важи за сите лица кој ќе доаѓле во Бугарија на печалба, а во пасошите немало да им пишува дека се од бугарска народност <ref name="VG" />. Од коресподенцијата на бугарските министерства се дознава дека селаните од [[Караќој]] истакнале подготвеност ако биде отворено бугарско училиште во нивното село да ја признаат [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Меѓутоа следната година кога повторно тие се нашле во [[Бугарија]] на печалба во пасошите им пишувало дека се од грчка народност. Поради тоа Министерството за внатрешни работи испратило ново окружно во кое било костатирано дека мерките не ги дале посакуваните резулатати и затоа се предвидувале по остри мерки <ref name="VG" />.
 
=== Вооружена пропагнада ===
 
Со текот на времето бугарската пропаганда попримила и воружен карактер. Притоа бугарскиот двор и влада се послужиле со [[Македонската емиграција во Бугарија]] како и со [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]]. Така оваа организација од чисто патриотска се претворила во орудие на дворот и владата, а тие преку [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] <ref name="ZPBDiV"><small>''Независно од злоупотребите на бугарскиот двор и влада, македонскиот комитет е организација на македонската емиграција во Бугарија. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Повеќето од нив биле искрени македонски патриоти. Меѓутоа, во МК се вовлекле доверливи луѓе на бугарската политика, разни профитери, кариеристи, авантуристи, случајни сопатници, квазипатриот, дури и арамии. Инволвирањето на таквиот профил во МК, се одразило на неговата активност, а посебно врз македонското ослободително дело и МРО''.... види Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...187</small></ref> направиле обиди за остварување на своите цели и интереси, што многу штетно влијало врз македонското револуционерно движење. Првиот прстап бил направен во [[1895]] година преку [[Мелничко востание|Мелничкото востание]] и затоа Крум Христов истакнал дека:
 
{{Цитатник|''Трајко Китанчев со својот авторитет ја покривал подготовката на првата престапна авантура на дворот, која отвора цела ера на врховистички престапи кон Македонија'' <ref><small>''Крум Христов,Гоце Делчев,Софија 1955,109''</small></ref><ref name="TK"><small>''Според некои смрта била придизвикана од сознанието дека македонското дело со кое раководел Китанчев е злоупотребено и изманипулирано од бугарскиот кнез. Навистина тоа се случило откако бугарските власти ја затвориле границата и почнале преследување на македонските чети''</small></ref>}}
 
За разлика од грчката влада која дирекно организирала и препраќала чети, [[Бугарија]] сакала да ја искористи [[Македонската емиграција во Бугарија|македонската емиграција]] и целото македонско револуционерно движење за оставрување на санстефанскиот идеал, а сето тоа се одразлило во дејноста на двете најголеми македонски револуционерни организации кој на крај започнале и борба меѓу себе.
 
=== Бугарската пропаганда и македонското националноослободително движење===