Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
И покрај сите обиди кои грчката пропаганда ги презела за зацврстување на своите позиции во Македонија таа не успеала да го спречи преминувањето на Македонците под јуриздикција на Егзархијата, и затоа грчката пропаганда почнала да се користи и со методи од репресивен карактер. Имено, грчките чети на Катархјас и Каракас во [[1880]] година испратиле заканувачко писмо до жителите на селото [[Ѓавато]] од нив побарале или да го затворат [[словени|словенското училиште]] или да се иселаат во [[Бугарија]], во спротивно тие истакнале дека ќе дојдат грчки чети во селото и нема да остават ниту живо куче <ref><small>''Р. поплазаров, Грчаката спрема Македонија..., 21''</small></ref>. Треба да се истакне дека слични закани имало и до останатите македонски села. Дополнително на оваа грчката пропаганда се користела и со ''рушвети'' и обвиненија кај турските власти. Во 1880 година во [[Струмица]] повторно било отворено егзархиското училиште, но грчкиот владика веднаш ги обвинил родителите на учениците дека се бунтовници и биле уапсени 15 луѓе. Во 1888 година во селата [[Муртино]] и [[Моноспитово]] тамошното македонско население дошло во судир со локалните Турци и веднаш овој судир бил искористен од страна на грчкиот [[струмица|струмички]] владика да побара остранување на егзархиските учители и нивана замена со грчки. Во селото [[Босилово]] сите жители преминале под духова јуриздикција на Егзархијата со исклучок на свештеникот и неговото семејство но грчката пропаганда успеала да издејствува преку ''рушвет'' црквата да остане под контрола на [[Цариградската Патријаршија|Патријаршијата]] <ref><small>''Политиката на турското правителство..., 47 - 48''</small></ref>. Воружената грчка пропаганда до [[1903]] година во [[Македонија]] била со послаб интензитет, а една од поголемите акции во овој период е [[Андартска провокација|Андартската провокација]] од [[1896]] година кога поголема група на андарти навлегле во [[Солунски вилает|Солунскиот]] и на дел од [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]].
 
=== Воружената грчка пропаганда ===
 
{{Главна|Борба за Македонија}}
 
[[Податотека:Macedonian Greeks Bitola Mariovo Rakovo.JPG|мини|десно|250п|Андартска чета во [[Мариово]]]]
 
Вооружената грчка пропаганда до [[1903]] година во [[Македонија]] била со послаб интензитет, а една од поголемите акции пред [[Илинденското востание]] е [[Андартска провокација|Андартската провокација]] од [[лето]]то [[1896]] година кога поголема група на андарти навлегле во [[Солунски вилает|Солунскиот]] и на дел од [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]], овие грчки чети биле испратени од [[Етники Етерија]].
 
По [[Илнденско востание]] организатор на првите грчки чети во [[Македонија]] бил Германос Каравангелис – грчкиот митрополит во [[Костур]].
 
Во [[Атина]] бил формиран таканаречениот [[Елиномакедонски комитет|Македонски комитет]] кој требало да раководи со организирањето и препраќањето четите во [[Македонија]]. Андартските чети добиле задача да по секоја цена и со сите средства да бидат уништени комитетите на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] по селата, а на нивно место да бидат создадени грчки комитети преку кој ќе се држи грчкиот патриотизам.
 
Андартите вршеле и одмазда врз населението кое уште одамна се откажало од [[Цариградска Патријаршија|Цариградската Патријаршија]] или пак зошто учествувало во редовите на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
 
Според некој податоци во [[пролет]]а [[1905]] година во [[Битолски вилает|Битолскиот вилает]] дејствувале околу 800-1000 андарти, а од почетокот на акциите па се до [[пролет]]а [[1905]] година грчко-турската граница ја минале 2 800 андарти од кој голем дел од нив биле со потекло од [[Крит]].
 
Сето тоа допринел да се отвори нов фронт против [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] која била принудена на север да се бори против [[Српско четничко движење|Српското четничко движење]], а на југ со андартите.
 
=== Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда ===
Ред 31 ⟶ 49:
 
Дополнително Дионисиј истакнува дека грчките свештеници пред властите го денуницирале секој побуден Македонец. На овој начин грчката пропаганда успеала да го стави под своја контрола селото [[Горно Броди]] притоа биле уапсени 40 луѓе, 15 луѓе биле заточени по затворите во [[Солун]] и [[Сер]], а спасот во кнежеството [[Бугарија]] и [[Источна Румелија]] го побарале 250 лица. Потоа во селото биле донесени грчки свештеници и учители и се започнало со погрчувањето на тамошното [[Македонци|македонско население]]. Во двете цркви повеќе неможела да се слушне молитвата ''„Господиј помилуј“'', а кога еден селанец се осмелил во некоја од црквите да каже ''„Оче наш“'' тој бил казнет со 280 гроша и еден месец затвор. Антисловенскиот карактер на грчката пропаганда се гледа во тоа што во [[Горно Броди]] и во тамошните цркви на иконите на [[Св. Кирил и Методиј]] им биле ископани очите. Антисловенскиот карактер го потврдува и бугарскиот трговски агент во еден свој извештај од 1900 година во кој истакнува дека грчката пропаганда не била насочена против ''„бугарската народност“'' <ref><small>''Станува збор за [[Македонци]]... во сите свој извештаии бугарските пропагандисти населението во Македонија го именуваат како бугарско... Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода....''</small></ref> туку против словенската писменост и азбука. Антисловенската кампања го зафатила и единствениот словенски параликс во [[Сер]], словенското население повеќе неможело да се помоли со зборовите ''„Миром Господи помолим сја“'' и ''„Господиј помилуј“''.
 
=== Ослабување на позициите ===
 
Во средината на [[19 век]] во [[Македонија]] и [[Бугарија]] започнало силно антипатријаршистичко движење. Ова движење првенствено било насочено против процесот на погрчување, а населението во [[Македонија]] и [[Бугарија]] заеднички врз словенска основа настапиле против [[Цариградска Патријаршија|Цариградската Патријаршија]] притоа се барала смена на грчките митрополити и епископи, нивно заменување со домашни лица кој го познавале јазикот на населението, исто така било поставено и прашањето за обнова на [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]].
 
Како резултат на овие борби, на [[28 февруари]] [[1870]] година со посебен султанов ферман била создадена посебна бугарска црка под името [[Бугарска егзархија]], поради спротивставувањето на [[Цариградска Патријаршија|Патријаршијата]], јуриздикција на бугарската црква била ограничена само на епархиите во [[Бугарија]]. со исклучок на велешката епархија во [[Македонија]]. Меѓутоа според ''членот 10'' од истиот ферман било дозволено доколку населението во рамките на една епархија во [[Македонија]] одлучи со 2/3 мнозинство да се приклучи кон [[Бугарска егзархија|Егзархијата]] истото тоа да се уважи. На тој начин во [[1874]] година под јуриздикција на бугарската црква потпаднале [[Скопско|Скопската]] и [[Охридско|Охридската]] епархија. Создавањето на [[Бугарската Егзархија]], двете цркви во [[Македонија]] започнале борба за контрола на црквите и училиштата, но во овој судир биле поткопани позициите на [[Цариградската Патријаршија|Патријаршијата]] која со себе го носела погрчувањето:
 
{{Цитатник|''Бегајќи од тоа, Македонците налетале на егзархиска стапица, која била поставена врз словенска основа, но со тенденција да ги бугаризира''<ref name="VG"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет'', 2003.</small></ref>}}
 
== Бугарската пропаганда во Македонија ==