Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
бришење
Ред 136:
 
По [[Берлинскиот конгрес]] доаѓа до стагнација и опаѓање на унијатската пропагнда. [[Австро-Унгарија]] не успеала да ја реализира замислената идеја за засилување на пропагандата, и по една деценија нејзините преставници во Македонија заклучиле дека унијатската пропаганада е во опаѓање а онаму каде што постои унијата, населението тоа го правело од политички цели а не од верски побуди. На 30.09.1889 година, австро-унгарскиот конзул испратил извештај во кој истакнал дека унијаската пропаганда опаѓала затоа што францускиот конзул му дозволил на рускиот преставник да дејствува против унијата, и тоа во интерес на француско-руското пријателство. Меѓутоа треба да се истакне дека тоа било точно само делумно, по формирањето на [[Бугарската Егзархија]] дел од македонскиот народ почнал да преминува под јуриздикција на Егзархијата, бегајќи од погрчувањето тие наишле на егзрхиска стапица која била поставена на словенска основа но со тенденција да бугаризира. Бугарскиот трговски агент од [[Солун]], [[Атанас Шопов]], во разговор со францускиот конзул Стег, истакнува дека е нормално откажувањето од унијата и преминувањето во Егзархијата, бидејќи унијатите не можеле да преживеат во православна провинција. Егзархијата на своите верници им забранила да даваат или земаат моми од унијатите, да венчаваат, крштеваат и обратно. [[Католичката црква]] имала слична забрана до своите верници. Од друга страна францускиот конзул Стег истакниваа дека населението во [[Македонија]] не било навикнато да први догматска разлика помеѓу унијатите и православните. Тоа само го потврдува фактот, дека [[ТМОРО]] која се зародила во егзархиската средина брзо се зацврстила и меѓу унијатите. Во 90-години на 19 век, откажувањето од унијата и преминувањето кон егзархијата станало масовна појава. Цели села се откажувале и преминувале кон егзархијата, 1894 година од унијата се откажал и самиот кукушко унијатски епископ Младенов. На 20.12.1894 година францускиот конзул во извештајот до министерството за надворешни работи истакнал дека во некое подобро време, унијатската пропаганда со друго раководство би имала успех. Притоа тој констатираал дека на 1 000 000 жители имало само 20. 000 унијати.
 
== Протестантска пропаганда во Македонија ==
 
{{Main|Протестантизмот во Македонија}}
 
Протестантизмот зачекорува на [[балкан|балканските простори]], преку првите [[американци|американски мисионери]], кои пристигнуваат после официјалното воспоставување на дипломатските односи на [[Америка]] со [[Отоманската Империја]]. Во [[Цариград]], во [[1831]] година американските
мисионери ја основаат првата мисионерска станица во тогашната Империја. Со отварањето на првото мисионерско седиште, се создаваат изгледни можности за планско делување и ширење на протестантските идеи, првенствено меѓу [[христијани|христијанското население]], бидејќи припадниците на [[ислам]]от кои што се преобраќале, биле казнувани со смрт. Цариградската мисионерска станица, од самото свое формирање развила низа активности, опфатени во три насоки: литературна, образовна и евангелизаторска. Скромното образование, маргиналната општествена улога, која што ја имале христијаните во Отоманската Империја, биле појдовни позитивни моменти кои ветувале „остварливи можности“ за поширока и потемелна евангелизација, односно „покрстување“ на православните верници во протестанти.
 
За теренска работа на мисионерите неопходен бил преводот на [[Библија]]та и обезбедувањето литература на [[македонски јазик|матичниот јазик]] на населението. Поради тоа прво се отпочнувало со превод на Библијата, преку печатење на брошури кои ги појаснувале библиските содржини. За да можат сите тие содржини да бидат разбирливи за корисникот, неопходно било негово културно издигнување и просветување. За таа цел, се отварале училишта, курсеви, семинари и се организирале најразлични видови на контакти со народот, кои имале едукативни цели. Мисионерите се спуштиле меѓу обичниот свет, им понудиле утеха на многумина кои се наоѓале на самото дно на општественото скалило. Мисионерите, на тој начин постепено почнале да партиципираат<ref>''Партиципацијата во духовна креација (се мисли на мисионерската партиципација) на поединецот го вклучува првенствено психолошкиот момент на сугестивност. Активниот едукатор се наоѓа во позиција да пласира информации (можеби и селективни), но истовремено тој е во позиција, токму поради непосредниот и примарен контакт, да добива "брза" повратна информација. Од друга страна, ако се има предвид релативно малата општествена улога на христијаните во муслиманската држава, неможноста да дојдат до некоја повлијателна општествена функција, односно да се здобијат со повисоко образование, како поголема општествена групација, првенствено значи „овозможување“ на протестатските мисионери значително да го преобратат христијанското население. Но, делувањето на протестантските мисионери меѓу христијанското население можеби и може да се толкува и како тактички потег на Отоманската империја, бидејќи така христијанското население може да се раздели, односно да се раздвои, на една страна би биле православните, додека пак од друга страна би се формирало значајно јадро на протестантите. Општо гледано христијанската поделеност можеби и не би била така изразена ако се има предвид цврсто устоличениот ислам, кој со својата позиција придонесува повеќе кон обединување отколку кон раздвојување на христијанскиот свет''.</ref> во креацијата на нивниот индивидуален и групен духовен живот. Скромното образовното ниво на населението, надополнето со главните „каркатеристики“ на социјалното опкружување, непосредно и глобално, како и вклучувањето на [[антагонизам|антагонистички]] поставениот ислам, „креирале реална можност“ за успешно воведување на протестантизмот на Балканот.
 
Малцинскохристијанската верничка структура е прашање кое буди голем интерес и кое цврсто ја раздвижува "интересната" екле-
сиолошка теорија и практика. Според потеклото верниците се категоризираат во три групи:
 
* '''Верници кои потекнуваат од малцинските заедници'''. Во оваа категорија, во основа влегува '''методистичкото верништво''', односно тоа е верска заедница која во Македонија има едновековна традиција и која остварила неколку репродуктивни циклуси. "Саморепродукцијата" на верничката маса е во директна корелација со затвореноста и тенденцијата кон "изолираност", надополнета низ развиениоит егоцентризам на самата верска заедница.
 
* '''Преобратените православни верници''', чинат скоро една третина од вкупниот број верници методисти<ref>''ИСППИ, Скопје, 2000''</ref>. Ова прикажано низ апсолутни бројки веројатно одбројува мал број верници, но и овој мал број сосема е доволен да укаже на постоењето на "осетливи точки" на православната организација и практика. Во структурата на малцинските христијански заедници, бројот на покрстените исламисти не е воопшто значаен, но многу е значајна стратегијата која што ја негуваат одреден број заедници, кои што се стремат кон христијанизирање на албанското население. Во светлината на овааа акција тие ја гледаат благопријатната иднина на Македонија. Kонфликттноста во одредена малцинска заедница дирекно може да влијае на создавањето нова исто така малцинска верска заедница. Имено оние верници кои ќе се почувствуваат "како вишок" во претходната заедница, стануваат промотори или се врзуваат за некоја нова верска заедница.
 
* Третата група ја сочинуваат верници кои потекнуваат од '''категории на население во кои не е цврсто дефинирана религиозната рамка'''. Тоа се во нашава средина [[Роми]]те, кај кои доминира [[синкретизам|синкретизмот]]. Оваа категорија станува многу битно јадро за канализирање на одредена идеја. Не е мал бројот на Ромите, кои се активно вклучени во овие заедници и кои имаат тенденција брзо да се прошируваат. Но, без разлика каква е "етиологијата" на малцинските христијански заедници, карактеристична е нивната експанзионистичка моќ, значајно водена од меѓународната заедница. Апстрахирајќи ја методистичката црква, грото малцински христијански верски заедници, кои што се "вгнездиле" во овој простор, ја живеат почетната фаза, фазата во која доминира зачетниот ентузијазам, ревност и харизмата на "неискварените водачи". Евангелско-методистичката црква веќе зачекорила подлабоко, посигурно и потемелно веќе го "оживеала" зачетокот и завлегла во вториот век од живот во Македонија.
 
== Наводи и белешки ==