Суецки Канал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: tk:Sues kanaly
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Суецкиот канал името го добил по градот [[Суец]] кој се наоѓа во регионот. Суец (арапски لسويس ) е град-пристаниште со околу 497.000 жители. Се наоѓа во Египет, во заливот. Градот бил потполно уништен и напуштен за време на [[Шестдневна војна од 1967|Арапско-израелскиот конфликт]] во [[1967]] година. Повторно е изграден и отворен за сообраќај во [[1975]] година.
 
== Историја ==
Пред прокопувањето на Суетцкиот Канал, трговциите од Европа, за да стигнат до Индија или на Далечниот Исток морале да ја обиколат цела Африка. Со негово прокопување, на пример, патот од Риека до Бомбај, кој изнесува околу 16,5 илјади километри е скусен само на 6,5 километри. Во време на античкиот Египет фараоните се носеле со мисла, преку еден канал, да го поврзат Средоземното и Црвеното Море. Првиот план за изградба на ваков канал бил направен пред 4.000 години. Но, дури 700 години покасно, делтата на Нил била поврзана со Средоземното Море,а покасно и со Црвеното Море. Тогаш, каналот немал некое поголемо значење зашто по него можеле да пловат само мали кораби. Кога Римјаните го покориле Египет песокот на повеќе места го засипал овој канал. Во почетокот на минатиот век, благодарение на пронаоѓањето на парната машина (параброд), во голема мера се наголемил превозот на стока по воден пат. Тогаш на луѓето им станало доста јасно дека е непоходно да се изгради еден канал што ке го скуси водениот пат меѓу Европа и Индија. Каналот би донесол големаа заштеда-како во пари така и во време. Владите на неколку европски земји покажале интерес за тој проект и решиле да формираат меѓунардона комсија. Комисијата требало да ги проучи сите можности за изградба на каналот. Право за изградба на каналот добил францускиот дипломат и инжинер Фердинанд де Лесепс, кој обезбедил потребни парични средства формирајќи Друштво за изградба на Суецкиот Канал. Работите за копање на каналот започнале на 25 април 1859 година, а биле завршени десет години покасно односно на 15 август 1869 година. По изградбата на каналот скоро постојано работеле околу 25.000 египетки феласи - селани и повеќе од илјада европски квалификувани работници. Покрај нив имало и голем број инжинери и техничари, воглавно Французи, кои раководеле со овој голем подфат. Кога каналот бил завршен бил прогласен за ,,интернационален" што значело дека низ него можеле да пловат сите бродови. Суетскиот Канал свечено бил отворен на 17 ноември 1869 година.Флотата од околу дваесетина бродови кај градот Порт Саид навлегла во Каналот. Бродовите биле предводени од оклопниот крстосувач ,,Егл" (,,Орел"), во кој се наоѓале Фернанд де Лесепс, руската царица Евгенија, и жената на Наполеон III. На останатите бродови се наоѓале вицекралот на Египет, австриската царица, рускиот престолонаследник, и други видни личности од тогашниот европски свет. По седумдневното патување флотата пристигнала до Суец. По повод свеченото отварање на каналот големиот композитор Ѓузепе Верди во Каиро ја извел операта Аида. ...Во 1956 година египеската влада го национализирала Суецкиот Канал. Бродовите и понатаму можеле да пловат низ каналот , но приходите ги земала египетската влада. ...Од 12 јуни 1967 година низ Суецкиот Канал нема поминато ниту еден број. Неколкуте бродови што останале блокирани во Каналот и денес стојат неподвижни. Со разрешување на израелско-арапскиот судир ќе се реши и понатамошната судбина на оваа најважна светска водна артерија.
 
{{commons|Suez Canal}}