Никола Киров Мајски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Биог-никулец}}
 
Никола Киров Мајски е роден на 28 јуни 1880 година во Крушево, во семејство со револуционерни традиции, кое потекнува од Охридско. Дедо му Трајко, познат по прекарот „железен Трајко“ своевремено важел за голем бунтар и народен закрилник. Татко му Киро бил зидарски мајстор, изучувајќи го старословенскиот, грчкиот јазик.
'''Никола Киров Мајски''' ([[Крушево]], [[28 јуни]] (стар стил) [[1880]] година - [[Софија]], [[1962]]) е македонски публицист, историограф и драматург. Тој е авторот на [[Крушевски манифест|Крушевскиот манифест]].
Никола Киров Мајски основното образование го стекнува во родниот град а гимназијата во Битола и Солун. Неговата бедна положба уште повеќе се влошува кога во 1892 година умира мајка му и се разболува татко му. Сепак успева да добие стипендија и да се запише во Битолската неполна машка гимназијакаде ќе ги направи првите чекори на револуционерното поле поврзувајќи се со неговиот воспитувач Пере Тошев, за кого ќе рече: „ На учениците тој гледаше како на идни апостоли на слободата кои преку исполнувањето на својот патриотски долг ќе мораат да се соочуваат со маса тешкотии и да ги превозмогнуваат“ .
Поради учеството во ученичкиот бунт во 1898/1899 година, заедно со група ученици ќе биде исклучен од Битолската гимназија. Сепак по интервенцијата на охридскиот владика Методиј казната му била укинета и тој своето образование го продолжил во Солунската гимназија. Токму овде се дооформил неговиот профил на револуционерен деец во Илинденското востание, а подоцна и во организираните пројави на македонската емиграција во Бугарија.
Во 1902 година заминува на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се враќа во Крушево каде го затекнува Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест. По неуспехот на Илинденското востание во 1906 година повторно учителствува во Леринско. Подоцна се запишува на Софискиот универзитет а во 1909 година учителствувал во бугарскиот град Ихтиман каде поради недоразбирањата со тамошниот училишен инспектор се враќа повторно во Крушево. Во 1910 година е назначен за директор на училиштето во Дебар и Ресен, но поради акциите кои ги спроведуваат младотурците тој е спречен на тоа, поради што е и уапсен, каде е подложен на жестоки физички мачења. По 17 дневни мачења во истражниот затвор во Крушево, во недостиг на конкретни докази Мајски бил ослободен и тој веднаш стапил на должност во дебар. Таму тој бил осомничен за подбуцнувач на месната македонска и албанска интелигенција. Во учебната 1911/1912 година е директор во Ресен, каде застанал на страната на учителството за време на неколкудневниот штрајк. Поради оправданоста на штрајкувачките барања тој бил унапреден за училишен инспектор на Охридската епархија.
За време на една обиколка во Струга Мајски дознал за ултиматумот што балканските држави го доставиле на Турција и кое доведе до започнување на балканските војни. Веста кај него предизвикала спонтана реакција: „ Зарем требаше и Бугарија да го бара од Турција, она коешто ние го бевме спечелиле низ легални и нелегални средства и борби и кога почнавме веќе постепено да навлегуваме во војската, администрацијата и судските институции. Кој ѓавол ја принудил да се договара со своите соседи и да упатува ултиматуми за нас, без наше знаење и желба. Зошто таа не го стори тоа во времето кога ние бевме една моќна сила, кога ВМРО се почитуваше еднакво и од Турција, и од балканските држави...? Зошто не влезе во договорни односи со Србија и Грција за заемно откажување од завојувачката политика и не побара интервенција од големите сили за правилно разрешување на македонското прашање...? Какви ли расходи ќе платиме ние Македонците наспроти илуминациите на балканските држави во случај ако Турција го отфрли ултиматумот и се објави војна? Каков ли грозен можеби уште погрозен и пострашен ропски јарем од досегашниот, ќе ни наврте на вратот завојувачката политика на непријателите на борбена Македонија. Бидете проклети, о, браќа- небраќа! “ .
Подоцна врз Мајски биле вршени обиди да биде регрутиран за целите на големосрпската политика во Македонија. Понудено му било да стане околиски началник во Подградец ( Албанија ), но тој дипломатски одбива.
По изходот на Втората балканска војна, тој го напушта Охрид и заминува во Бугарија. Овде заедно со македонската интелигенција го уредувал органот на федералистите „Автономна Македонија“ во која објавува низа свои прилизи. Значајна е и бездруго и неговата активност во рамките на Крушевското братство пред и по Втората светска војна.
Значаен е и неговиот творечки фонд со драмските остварувања и поетски ракописи, посебно „За Македонија“. По предавањето на стихозбирката од името на ЦК на ВМРО на Тодор Александров, Георги Бажданов, Јордан Бадев и други за да ја прегледат и дасе изјаснат дали таа може да биде печатена, Јордан Бадев ќе му одговори: „Порано јас имав или сакав да имам добро мислење за тебе но ти даваш докази дека сакаш да се надраснеш себе си. ...Си застанал да пишуваш стихови на македонски јазик, каков што не постои и каков што никогаш нема да постои. Зашто не постои македонска нација а има само македонски Бугари кои се неразделен дел од нашава нација и сите Бугари говорат на еден јазик-бугарскиот! . Да се тврди спротивното е безумство, а да се работи за македонска нација тоа е злосторство и предаство“ .
Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден 2 август 1962 година.
 
Основното образование го завршил во родниот град, а гимназија учел во [[Битола]], каде по ученичкиот бунт во [[1898]] година, против егзархиската администрација и против владиката Григориј, е исклучен заедно со други 17 ученици. Потоа гимназијата ја завршил во [[Солун]], по што му се посвети на учителствувањето. Во сите места се среќавал со видни личности на [[ВМРО]] и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија.
 
[[Илинденско востание|Илинденското востание]] го затекнува во родното Крушево, во кое зел активно учество и бил еден од блиските соработници на [[Никола Карев]]. По востанието бил раководител на ВМРО во градот.
 
По [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]] своето семејство го префрлил во [[Бугарија]] и таму живее до крајот на животот. Завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник а потоа се занимавал и со други дејности.
 
По [[Прва светска војна|Првата светска војна]] е дел од [[Привремено претставништво на бившата ВМРО|Привременото претставништво на бившата ВМРО]], а потоа и на [[Македонска емигрантска федералистичка организација|Македонската емигрантска федералистичка организација]].
 
==Творештво==
 
Никола Киров Мајски оставил доста историски трудови, како:
 
*„Со поглед кон Македонија“
*„Крушево и неговите борби за слобода“
*„Епопејата на Крушево“
*„Светлина кон темнината“ и други.
 
Познат е и како драмски писател и поет. Во [[1923]] година ја пишува драмата „Илинден“, а подоцна објавува уште 13 кратки драми.
 
==Надворешни врски==