Странски пропаганди во Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 7:
{{Цитатник|''Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители незнаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамаено и необично закосено ридче на чиј врв се наоѓа руините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашаав. Одоворот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кој биле тие? Нашите дедовци. Да ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа се што тие го знаеа''<ref><small>''Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905)''</small> </ref>}}
 
Таквата тешка и комплицирана ситуација во Отоманската Империјата овозможила продор и вкоренување на повеќе '''странски пропаганди на територијата на [[Македонија (регион)|Македонија]]''', кои дополнитело го попречувале национално-конститутивниот процес на [[Македонци]]те. <ref><small>''Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р [[Ванчо Ѓорѓиев]], Табернакул, Скопје 2006''</small></ref><ref><small>''Слобода или Смрт, д-р [[Ванчо Ѓорѓиев]], Скопје 1997''</small></ref><ref name="VG"><small>''[[Ванчо Ѓорѓиев]], Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски Факултет''</small></ref><ref><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref> Во Македонија активно дејствувале повеќе пропаганди, како што се [[Грција|грчката]], [[Бугарија|бугарската]], [[Србија|српската]], [[Романија|романската]], [[Католицизам|католичката]] и [[Протестантство|протестантската]] пропаганда. Првите три пропаганди имале исклучиво [[Асимилација|асимилаторски]] карактер, додека останатите биле поставени врз верска основа, но со политички цели и треба да се истакне дека последните две пропаганди не дејствувале ретроградно врз македонскиот национален индивидуалитет.
 
Главни задачи на бугарската, грчката и српската пропаганда во Македонија биле да се придобијат што повеќе т.н. ''„национални приврзаници“'' кои би се искористиле како ''„внатрешни сојузници“'' и оправдувачки фактор за територијалните претензии на балканските држави кои ги имале кон Македонија. Овие пропаганди воглавно дејствувале преку [[Црква|црквите]], [[училиште|училиштата]] и хуманитарните институции. На црковен план се дејствувало преку одржување на постојните цркви, но и преку подигнување нови верски објекти, преку создавање на црковен кадар и верска литература. На просветен план се дејствувало преку одржување и подигнување нови училишта, финансиска издршка на учителите и директорите, стипендии и пансиони за учениците и студентите, како и соодветна литература која не била на македонски јазик. На хуманитарен план најчесто се дејствувало преку [[болница|болниците]]. Покрај овие мерки пропагандите се користеле и со закани до населението, обвиненија и клевети на населението дека се бунтовници, потоа преку користење на ''рушвети'' или поткуп на турските власти. Треба да се истакне дека пропагандата била ширена и преку употреба на сила и дејствување на воружени чети. Вакавата воружена пропаганда особено се засилила по [[Илинденското востание]].<ref><small>''Раѓање на македонската нација, Драган Ташковски, НИК Наша Книга, Скопје, 1970''</small></ref><ref name="VG" />