Хордови: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: br:Chordata
Нема опис на уредувањето
Ред 74:
|}
'''Хордатите''' односно '''хордовите животни''' ([[латински]]: '''''Chordata''''') се најсложено градени [[Животни|животински]] [[Организам|организми]]. Еден од нивните главни белези е присуството на [[хорда]] (од каде доаѓа и името), расположена во внатрешноста на [[тело]]то, грбно по целата телесна должина. Формирана е од особено [[сврзно ткиво]], наречено [[хордово ткиво]], чии големи и [[Вакуола|вакуолизирани]] [[Клетка|клетки]] се исполнети со течност, со што хордата се здобива со цврстина и еластичност. Како потпорен орган таа функционира во текот на целиот [[живот]] само кај најнижите хордови животни, како [[амфиоксус]]от на пример. Кај [[круглоусти]]те и дел од [[риби]]те, хордата е уште подобро развиена, а кај вишите хордати таа е редуцирана и заменета со [[’Рбетен столб|’рбетен столб]]. Втор карактеристичен белег е положбата и посебниот тип на [[нервен систем]]. Тој има грбна положба во однос на хордата, има цевчеста форма типична за хордатите и настанува со увртување на [[ектодерм]]от во вид на надолжен жлеб, кој подоцна се затвора во цевка. И трет белег е што [[Систем за дишење|органите за дишење]] се развиваат од предното црево во вид на парни испакнатини на кои се наоѓаат парни странични отвори - [[Жабри|жабрени]] цепнатинки. Кај нижите хордати тие постојат целиот живот, додека кај вишите се јавуваат само во почетните фази од [[ембрион]]алниот развој.
 
== Особености ==
 
=== Хорда ===
 
Хорда, односно ''chorda dorsalis'' (на [[Англиски јазик|англиски]] наречена ''нотохорд'' - notochord) е името кое е дадено на главната одлика на хордатите. Таа функционира како [[ендоскелет]] и претставува едно долго, флексибилно стапче кое произлегува како испапчување на првобитното црево ([[архентерон]]). Токму затоа лежи над [[црево]]то и под нервната цевка. Хордата кај сите хордати подлежи на истата [[онтогенеза]] која е контролирана од [[Брахиури]]-генот. Не е можно да се одреди дали хордата првобитно се протегала само во опашниот дел или долж целото тело. Странично од хордата се расположени надолжни [[мускул]]и, кои кај првобитните хордати служеле за придвижување. За време на онтогенезата, хордата минува низ стадиумот ,,пари во фишек‘‘, при што се состои од дисковидни притиснати клетки. Хордата на [[амфиоксус]]от останува во овој стадиум за време на целиот живот и е опколена само од мускулни влакна. Кај ларвите од [[туникати]]те и кај [[‘Рбетници|‘рбетниците]] се јавуваат простори меѓу клетките, кои кај туникатните ларви образуваат континуиран канал опколен од епителни клетки. Хордата кај ларвите се протега само долж опашниот дел на телото. Хордата во текот на онтогенезата кај ‘рбетниците се заменува со [[‘Рбетен столб|‘рбетен столб]]. Остатоци од хордата кај вишите ‘рбетници се ''[[nuclei pulposi]]'' (пулпозни јадра) во [[Меѓупрешленски диск|меѓупрешленските дискови]].
 
Кај [[Жаба|безопашните водоземци]], како и кај некои групи на примитивни копнени ‘рбетници, вклучително [[темноспондили]]те и рептиломорфите како [[антракосаури]]те, образувањето на прешленските тела во текот на индивидуалниот развиток може да биде забавено, така што кај [[фосил]]ите (покрај останатите [[Неотенија|неотениски]] одлики кај возрасните единки), може да се јави и хорда во вид на лента.
 
[[Категорија:Хордови животни]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хордови