Разлика помеѓу преработките на „Пентагон“

Одземени 7 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
|controlledby = [[Секретаријат за одбрана на САД]]
}}
'''Пентагон''' е воена зграда која е изградена на бреговите на реката [[Потомак]] во [[Арлингтон]], [[Вирџинија]], [[САД]], недалеку од [[Вашингтон]]. Таму е сместена централната американска воена администрација, снабдена со најмодерни уреди неопходни за воените потреби. Во зградата на Пентагон се наоѓа и командата на копнените, морските и воздушните воени сили на САД, како и кабинетот на државниот секретар за одбрана. Всушност, зградата е поставена со цел на едно место да се собере целото воено управување на САД. Изградбата на Пентагон почнала во [[1941]] година и траела 16 месеци. Кога бил изграден, тој бил најшироката административна зграда во светот. Пентагон зазема простор од 14 хектари, вклучително со внатрешниот двор, кој зафаќа површина од 2 хектари. Пентагон е работно место на околу 23.000 луѓе. Пентагон се состои од пет петкатни петоаголни корпуси. Поставени како страни на еден во друг влезени петоаголници, помеѓу себе поврзани со коридори.<ref>'''Најпознатите градби на светот'''., Феникс, Скопје, 2005, стр. 45-46 </ref>
 
== Интересни факти ==
* Автомобилскиот паркинг околу зградата собира околу 10.000 превозни средства и зазема површина од 27 хектари.
* Тука работи и најголемиот комплекс за приготвување храна во светот, кој дневно реализира околу 15.000 оброци.
 
 
 
== Наводи ==
 
[[Категорија:1943 во архитектурата]]
 
[[Категорија:Пентагон]]
 
[[Категорија:Национални историски обележја во Вирџинија]]