Ференц Казинци: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
== Биографија ==
 
Роден е во [[Ерсемлјен]], Унгарија. студира право во [[Кошице|Каша]] и [[Прешов|Еперјеш]], како и во [[Будимпешта|Пешта]], каде исто така се здобива и со темелно знаење за [[француска литература|француската]] и [[германска литература|германската литература]], а се запознава и со [[Гидеон Радај]], кој пак му ја отстапува својата библиотека. Во 1784 Казинци станува помошник-нотар во [[Абој]], а две години подоцна номиниран е за школски инспектор во Каша. Таму почнува да се посветува на својата идеја за возобновување на [[унгарски|унгарскиот јазик]] и литература преку преведување на странски класици и проширување на древниот унгарски речник. Во 1788, со помоѓ на [[Давид Бароти Сабо]] и [[ЈаншЈанош Бачањи]], во Каша го основа првиот унгарски литературен информатор, списанието ''Magyar Muzeum'' (Унгарски Музеј);''Орфеј'', кој ќе го наследи во 1790 година е негова лична креација. Иако по доаѓањето на власт на [[Леополд II]], Казинци, како не-католик бил приморан да го напушти своето работно место во Каша, неговата литературна активност воопшто не се намалува. Не само што му помага на Радај во основањето на првото унгарско драматуршко друштво, туку и го збогатува неговиот репертоар со неколку драми - преводи на неколку дела на странски автори. Неговиот ''[[Хамлет]]'', кој е испечатен во 1790 година, својот препев го базира врз германската верзија на ова дело, во превод на Шредер.
 
Бидејќи е инволвиран во демократскиот заговор на опатот [[Игнац Мартинович]], Казинци е уапсен во 1794 година и осуден на смрт; набрзо, казната му е смалена на доживотен затвор. Сепак, пуштен е од затвор во 1801 година, по што набрзо се венча со Софија Терек, ќерка на неговиот претходен патрон, и се повлекува на еден мал имот кај [[Шефалом]], во близина на [[Сатор-Ујели]]. Во 1828 активно учествува на конференциите кои имаат за задача да ја основаат Унгарската Академија, чијшто почесен прв член ќе стане токму тој.