Ференц Келчеи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Ференц Келчеи''' ([[8 август]] [[1790]] — [[24 август]], [[1838]]) е [[Унгарија|унгарски]] [[поет]], [[критика|критичар]] и [[ораторство|оратор]].
 
Роден е во благородничка фамилија во [[Трансилванија]], за време на [[Хабсбургшката монархија]]. Останува [[сирак]] на многу рана возраст и [[хендикеп]]иран поради тоа што го губи едното [[око]]. Кога има петнаесет години се запознава со [[Ференц Казинци]] и предано ги прифаќа неговите [[лингвистика|лингвистички реформи]]. Во 1809 Келчеи заминува во [[Будимпешта|Пешта]] за да студира право. Сепак, парвотоправото му станува одвратно, па времето го посветува на естетички студии, поезија, критицизам и одбрана на теориите на Казинци.
 
Првите творби на Келчеи не привлекуваат големо внимание, а критиката што ќе ја упати кон [[Витез Михај Чоконаи|Чоконаи]], [[Јанош Киш]], и особено кон [[Даниел Бержењи]], во дело изадено во 1817, ќе го направи и доста непопуларен. Од 1821 до 1826 издава многу прекрасни поеми во списанието ''Aurora, Hebe, Aspasia'', како и други литературни магазини.