Суд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: br:Lez roueel
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
 
'''Суд''' е институција на која е поверено вршењето на судската функција, т.е. решавање на спорните случаи во области на [[граѓанско право|граѓанското]], [[кривично право|кривичното]], [[меѓународно право|меѓународното]] [[право]] или во некоја друга област каде можат да се јават [[спор]]ови. Најчесто под суд се подразбира државен орган, кој се наоѓа во составот на судството како една од трите гранки на власта, но судот може да биде и меѓународен, суд на некоја недржавна организација или привремен, специјален суд и сл.
 
'''Судови во домашниот правен поредок'''
 
Судовите во системот на државата имаат различно уредување од држава до држава, но генерално се прави разлика меѓу првостепени и второстепени(апелациони) судови, т.е. судови кои примарноги решаваат работите и судови кои решаваат по правни лекови т.е. жалби. Најчесто постои и трети степен во вид на Врховен државен суд, кој обично има Казакционен карактер и не влегува во фактичка состојба.
Може да има и издвоен воен суд, со сопствена хиеархиска организација. Постои образец на судската власт(како обичај постои во Велика Британија), спроти видот на спорот, што има за цел поефикасно функционирање на судовите.
Според општествените стандарди, судовите мораат да бидат независни од надворешните влијанија, како и да судат само по Уставот и законот.
 
'''Меѓународни судови'''
 
Меѓународните судови може да се основаат на различни начини и имаат различни задачи. Тоа можат да бидат судови основани во составот на државата и со широки надлежности(пр. Меѓународен суд на правата), судови основани за конторола на спроведувањето на одредени меѓународни документи(пр. Европски суд за човекови права), специјализирани судови за одредена област(пр. Меѓународен кривичен суд) или пак судови за одредена намена(пр. Хашкиот трибунал).
Надлежноста, уредувањето и правилата на постапка пред овие судови обично се утврдени во осковачките документи и се разликуваат од суд до суд. Често тука доаѓа да се влијае на конвергенцијата на европско- континенталните и обичните права.
 
 
== Видите исто така ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Суд