Отвори го главното мени

Промени

нема опис на уредувањето
Уште нешто, дали терминот '''македонска литература''' се однесува на литература која е пишувана на македонски јазик или пак која ја создавале македонци на било кој друг јазик, или на литератута која се однесува на Македонија, без разлика кој ја пишувал и на кој јазик е пишувана?
 
Македонска литература е литература која ја создаваат македонски писатели на било кој јазик (Милан Кундера и Тристан Цара пишуваат на француски, но сепак се чешки и романски писател соодветно). Сепак, постојат неколку контроверзни имиња во историјата на македонската литература (Венко Марковски, Ангелко Крстиќ, Никола Вапцаров), кои се т.н. [[дводомни писатели]]. И Антон Попов (добро што си приметил дека се повторува), е еден од нив. Сепак тие, учествуваат, на еден или на друг начин, во оформувањето на македонската современа литература, така што мислев дека немаше да биде праведно истите да отпаднат од шаблонот. Затоа и се ставени, но со закосени букви. А за името на истиотшаблонот, сосема си во право: МакЛит се вика од чисто практични причини, односно за да ненема педолг назив. Сепак, мислам дека треба да зафаќаго местопреместиме. --[[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]] 22:30, 6 јули 2007 (UTC)