Богоја Фотев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
печатна грешка
Ред 7:
Во [[1924]] година заминува на печалба во [[САД]], каде останува две години, работејќи во сојузните држави [[Мичиген]], [[Илиноис]], [[Охајо]] и [[Пенсилванија]]. Есента [[1926]] година се враќа во Македонија. На општинските избори во село [[Буково]] во [[1933]] поднесува своја кандидатска листа за избор на општински одбор, но власта го спречува во тоа.
 
Се зачленува во Комунистичката партија и е основач на Месниот комитет на [[КПЈ]] за [[Битола]]. Во [[1940]] година настанува провала во битолската организација, при што Фотев е уапсен и осуден на петгодишна затворска казна. По окупацијата на [[Југославија]] се наоѓа во затворот во [[Сремска Митровица]], каде, заедно со другите затрореници, организира бегство. Потоа се враќа во Бистрица и се поврзува со антифашистичкото движење. Пристапува во партизанскиот [[Фрушкогорски одред]]. При обид да се пробие кон Македонија е фатен од бугарската полиција. Во јули 1942 е ослободен поради недостиг нна докази. Во летото на 1943 е затворен повторно, интерниран во Бугарија и се враќа во Македонија кон крајот на 1943 година. Набрзо заминува во партизани и пристапува на Првата македонско-косовска ударна бригада.
 
Во [[1944]] година зема учество на Првото заседание на [[АСНОМ]]. Избран е во [[Президиум на АСНОМ|Президиумот на АСНОМ]] како прв повереник за финансии, а потоа и за земјоделство во Владата на [[СРМ|НРМ]]. По оставката на [[Методија Андонов - Ченто]], е избран за претседател на Президиумот и на таа функција е од [[1947]] до [[1950]] година.