Сумерска архитектура: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Archhistory}}
Рамнината помеѓу реките [[Тигар (река)|Тигар]] и [[Еуфрат]] ([[Месопотамија]]) немала [[минерал]]и и [[дрво (растение)|дрвја]]. Сумерските градби се план-конвексни [[глинена тула|глинени тули]], без врзивен материјал како [[малтер]] или [[цемент]]. Бидејќи плано-конвексните тули (заради тоа што се заоблени) се однесуваат нестабилно, на секои неколку реда тули сумерските градители ставале еден ред поставен нормално на нив. Празнините се популнувале со [[битумен]], [[сено]], [[трска (растение)|барски трски]] и [[плевел]].
 
По извесно време ваквите градби се изјаловувале, и затоа биле повремено рушени, зарамнувани, и повторно градени на исто место. Ова постојано преградување полека ја накачило висината на градовите, и така тие станале повисоки од околната рамнина. Ваквите брда се нарекуваат [[тел]]ови и ги среќаваме ширум античкиот [[Близок Исток]].