Александар Станишев: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Иван (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Иван (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Александар Димитров Станишев''' ({{lang-bg|Александър Димитров Станишев}}) ({{роден на|15|декември|1886}}, {{роден во|Кукуш|Егејска Македонија}} - [[1 февруари]] [[1945]], [[Софија]], [[Бугарија]]) e бугарски лекар, научник и политичар, роден во [[Македонија]].
==Биографија==
Средно училиште завршува во [[Солун]]. Студирал природна историja во [[Софија]] (1904-1905), а потоа завршил на Медицинскиот факултет во [[Минхен]], [[Германија]] (1905-1910). Работи како асистент во Универзитетската хируршка клиника во [[Минхен]] и во болници во [[Берн]] и [[Ландау]] (1910-1912). Во [[Балкански војни|Балканските]] и [[Прва Светска војна|Првата Светска воjна]] учествувал како [[Хирургија|хирург]] во бугарски воени болници во [[Тракија]] и [[Македонија]].<ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999. ISBN 978-954-430-603-8 / ISBN 978-954-509-191-9, с. 427.</ref>
 
Станишев специјализира во [[Хајделберг]] и Минхен (1919-1920). Од 1920 година е доцент на Катедрата по клиничка хирургиjа на Медицинскиот факултет на [[Софиски универзитет|Софискиот универзитет]], а од 1923 година е редовен професор на истата катедра. Основач е и прв директор на Хируршката клиника во Софиjа. [[Декан]] е на Медицинскиот факултет на Софискиот универзитет (1930-1931, 1937-1938), а подоцна - [[ректор]] на Софискиот универзитет "Свети [[Климент Охридски]]" (1938-1939).