Персеполис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Во текот на својата историја, градот бил престолнина на Персија во времето на династија Ахмениди. Во околу 512 п.н.е. кралот Дариј I започнал со изградба на голема императорска палата, кои во следните години била надоградувана од страна на неговите наследници, неговиот син Ксеркс I, и неговиот внук Артаксеркс I. И покрај тоа што во тоа време како најголеми администратирни центри се сметале Суза, Вавилон и Екбатана, улогата на Персеполис започнала да се зголемува во политичкиот живот на империјата.
 
Во текот на 330 п.н.е., во времето на азиските освојувања, Александар Македонски успеал да го освои градот и целосно да го ограби, по кое во главната палата избило голем пожар кој го уништил скоро целиот комплекс. Според некои историчари, ова претставувало одмазда на Александар Македонски за персиското разрушување на Атина во времето на грчко-персиските војни. Од 316 п.н.е., Персеполис и понатаму ја имал улогата за главен град, но овој пат во новонастанатата држава по смртта на Александар. Значењето на градот во времето на Селевкидска Империја|Селевкидската Империја започнало да опаѓа. Во 3 век п.н.е. градот Истахр станал новата престолнина на империјата.
''Видете исто така'': [[Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО]]
 
[[Категорија:Објекти на светско наследство на Иран]]