Гоце Петрески: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Внимание}}
 
'''Гоце Петрески''' е роден [[1953]] година во [[Крушево]]. Завршил гимназија, а дипломирал на економскиот факултет во [[Скопје]], со труд поврзан со Кејнсовата теорија. Завршил постдипломски студии од областа на економскиот развој и методите на економска анализа. Магистрирал со трудот “Cost-Benefit анализата и нејзината примена во оценката на инфраструктурни проекти”. Во 1989-90, како стипендист на ООН завршил постдипломски студии од областа на населението и развојот, во Центарот за развојни студии при Универзитетот “Џавахарлал Нехру” во Индија и работел завршен труд поврзан со структурните промени во економијата. Докторирал со одбрана на дисертација на тема “Анализа на целите на развојот и оценувањето на проектите”. Во својата академска кариера од почетното вработување од 1978 година бил координатор или член на тим и држел настава на повеќе дисциплини на додипломски студии: економски развој, инвестиции, економија на трудот, принципи на економијата, економија на трудот и неколку други дисциплини на постдипломски студии на својот и на други факултети и универзитети.
 
Објавил над 100 референци и неколку книги, самостојно и во коавторство. Учествувал на поголем број меѓународни симпозиуми и научни собири (Лондон, Вашингтон, Стокхолм, Варшава, Хаг и др.) Остварил студиски престои во Хаг, Стокхолм и Лондон. Работел на повеќе истражувачки проекти и емпириски студии