Народни носии од Малесија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LBakraceski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
Во петте села од планинскиот предел [[Малесија]], женската носија обилува со бројни облеки, украсени на поинаков начин од соседните предели. Облеките од невестинската носија наречени големи, како и тие за првиот ден по свадбата кога невестата првпат оди на вода, означени како помали, се најукрасените и најдекоративните - кошула голема - срамачка, везена на ракавите, елек - [[антерија]], украсен со седефки, клашеник со срмени украси и џубе со гајтани. Сите овие облеки поврзани во една целина ја оформуваат носијата од пределот Малесија со посебни етнички карактеристики и естетски белези.
 
Особено за одбележување е облеката бело џубе, каде што доминира белата боја, како во клашнениот материјал од кој е направена, така и во гајтаните со кои е украсена. Оваа белина на облеката џубе има намена на траурен белег, а во носијата на изолираниот планински предел Малесија се јавува како остаток од зачувана трага на старословенскиот обичај, кога жалоста се одбележувала со носење на облека во бела боја.