Разлика помеѓу преработките на „Македонско движење и српската пропаганда“

Барањето не било прифатено од страна на Великата порта.
 
Во учебната [[1887]]/[[1888]] година дошло до бунт во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|солунската гимназија]]. Поводот за бунтот биле политичките борби кој се воделе меѓу русофобите и русофилите во [[Бугарија]], првите биле [[Стефан Стамболов]], а вторите со [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Овие борби се пренеле во солунската црковно-училишна општина и во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија]]. Учениците овие борби ги искористиле да го постват прашањето за воведување на [[македонскиот јазик]] во наставата. Тие истакнале: ''дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект''
 
{{Цитатник|''дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект''}}
 
Поради овој бунт од гиманзијата биле исклучени 38 ученика, од ко 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле [[Даме Груев]] и [[Петар Поп Арсов]].
 
По исклучувањето на 38 ученика од [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунска машка гимназија ]] тие преку [[Темко Попов]] стапиле во контакт со српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот од своја страна им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Србија и дека ќе им биде дадена и финансиска поткрепа. Според [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]] ученици по шкловувањето: ''требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја''
 
{{Цитатник|''требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја'' <ref name="VG" /> }}
 
До крајот на [[1888]] година во [[Белград]] се нашле 33 ученици од [[Македонија]]. Меѓу нив биле [[Даме Груев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]], [[Никола Наумов]], [[Крсте Петков Мисирков]] и други. Во однос на школувањето во [[Белград]], [[Даме Груев]] кој се нашол таму како ученик истакнува дека: