Разлика помеѓу преработките на „Македонско движење и српската пропаганда“

Со други зборови требало да се искористат патриотските чуства на [[Македонците]] против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда]] и да се засилат позициите на [[Срби|Србите]] во [[Македонија]].
 
==Српската пропаганда и македонските дејци==
==Подршка за македонското движење==
 
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
Во учебната [[1887]]/[[1888]] година дошло до бунт во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|солунската гимназија]]. Поводот за бунтот биле политичките борби кој се воделе меѓу русофобите и русофилите во [[Бугарија]], првите биле [[Стефан Стамболов]], а вторите со [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Овие борби се пренеле во солунската црковно-училишна општина и во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија]]. Учениците овие борби ги искористиле да го постват прашањето за воведување на [[македонскиот јазик]] во наставата. Тие истакнале:
 
{{Цитатник|''дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект'' <ref name="VG" />}}
 
Поради овој бунт од гиманзијата биле исклучени 38 ученика, од ко 14 седмокласници. Во овој бунт предводници биле [[Даме Груев]] и [[Петар Поп Арсов]].
 
По исклучувањето на 38 ученика од [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунска машка гимназија ]] тие преку [[Темко Попов]] стапиле во контакт со српскиот конзул Петар Карастојановиќ. Конзулот од своја страна им ветил дека ќе им овозможи да го продолжат образованието во Србија и дека ќе им биде дадена и финансиска поткрепа. Според [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]] ученици по шкловувањето:
 
{{Цитатник|''требало да се вратат по своите родни места и таму да дејствуваат во полза на српската идеја'' <ref name="VG" /> }}
 
До крајот на [[1888]] година во [[Белград]] се нашле 33 ученици од [[Македонија]]. Меѓу нив биле [[Даме Груев]], [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]], [[Никола Наумов]], [[Крсте Петков Мисирков]] и други. Во однос на школувањето во [[Белград]], [[Даме Груев]] кој се нашол таму како ученик истакнува дека:
 
{{Цитатник|''Ние сами го бевме пробале дејството на таа пропаганда... Ни се вети стипендија и ни се даде. И тогаш јас со уште неколку македончиња отидовме во Белград. Тука можевме да ги согледаме српските намери бидејќи силно се грижеа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик, кое уште повеќе не раздразнуваше'' <ref name="DAMESPO"><small>''Спомени на Дамянъ Груевъ''</small></ref>}}
 
Затоа [[Петар Поп Арсов]] и [[Димитар Попов]] меѓу младите македонци почнале да агитираат против српската пропаганда. Поради тоа [[Димитар Попов]] бил исклучен. Меѓутоа во [[декември]] [[1888]] година дошло до нов бунт на чело со [[Петар Поп Арсов]], [[Христо Поп Коцев]] и [[Никола Наумов]].
 
Поради таквата агитација тие биле исклучени, а во меѓувреме меѓу македонските ученици во [[Белград]] почнал да делува бугарскиот агент Минчович. Тој им ветил дека ако заминат за [[Бугарија]] ќе можат да дејствуваат врз македонска основа. Затоа набргу 34 ученика се нашле во [[Софија]] каде ја продолжиле својата агитација во против пропагнадите. Имено меѓу овие ученици имало идни дејци на [[Македонско студенско друштво|Македонското студенско друштво]], [[Лозарско движење|Лозарското движење]] и [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]
 
== Епилог ==