Разлика помеѓу преработките на „Македонско движење и српската пропаганда“

 
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
 
Во [[1886]] година [[Српска пропаганда во Македонија|српска пропаганда]] во [[Белград]] стапила во контакт со [[Коста Групче]], [[Наум Евро]], [[Васил Карајовов]] и [[Темко Попов]], преставници на [[Таен македонски комитет|Тајниот македонски комитет]]. Тие ја изнеле својата програма во која побарале:
 
:''1) Отсранување на Бугарската егзархија од Македонија, која е носител на бугаризмот''
:''2) Истакнување на национален индивидуалитет на македонскиот народ на Балканот''
:''3) Обновување на Охридската архиепископија како самостојна црква во Македонија''
:''4) Воведување на македонскиот јазик во училишната настав и администрација ов Македонија''
 
== Извори ==