Разлика помеѓу преработките на „Македонско движење и српската пропаганда“

нема опис на уредувањето
По обединувањето на кнежеството [[Бугарија]] и [[Источна Румелија]] доаѓа до засилување на [[Бугарска пропаганда во Македонија|Бугарската пропаганда во Македонија]]. Српските владеачки кругови истакнале дека треба да се преземат енергични мерки за заштита на српските интереси во [[Македонија]] од налетите на [[Бугари]]те <ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски Факултет''</small> </ref>. Биле преземени активности на различни нивоа, а тоа вклучувало и придобивање на [[Македонците]] на страната на [[Србија]], а македонските дејци биле подготвени пак за соработка со секој кој би можел да им помогне да се трасира македонската идеја.
 
{{Цитатник|''Српската националистичка пропаганда, со оглед на своите слаби позиции во Македонија, испратила свои најеминентни емисари со задача да ја проучат положбата во врска со натамошната дејност меѓу македонскиот народ. Во допир со македонскиот народ емисарите установиле дека нациоанлниот дух во Македонија стигнал до тој степен што и самиот Исус Христос да слезе од небото не може да го убеди Македонецот дека тој е Бугарин или Србин'' <ref name="SDIM" />}}
 
Затоа [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]] решила да ги придобие [[Македонците]] и преку нив да се загрозат интерсеите на [[Софија]] и да се подобрат позициите на [[Белград]] во [[Македонија]]. За да се постави бариера пред бугарските навлегувања во [[Македонија]], [[Србите]] ја подржале идејата дека:
 
{{Цитатник|''најглавната работа е Македонија да се помакедончи''}}
 
== Првите контакти ==
 
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
 
== Концепт за Македонизмот ==
[[Податотека:STOJAN-NOVAKOVIC-1842-1915-.jpg|лево|мини|150п|[[Стојан Новаковиќ]]]]
 
''Македонизмот'' како концепт бил дооформен од [[Стојан Новаковиќ]]. Тој сметал дека: ''српската пропаганда ќе постигне најголем успех ако на бугаризмот му го спротистави македонизмот како етапа за сузбивање на бугарската пропаганда во Македонија. Тој оваа своја идеја и ја предложил во 1888 година на својата влада во Белград <ref name="SDIM" />.'' Истакнувајќи:
 
{{Цитатник|''Бидејќи бугарската идеја, како што ни е познато, фати длабоки корени во Македонија, јас сметам дека речиси е невозможно сосем да се поколеба изнесувајќи ја спроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плаша, нема да биде во сосотојба, како чиста и гола спротивност, да ја потисне бугарската идеја, па затоа на српската идеја ќе и биде помош некаков сојузник кој би бил остро против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи кои народот и народните чуства можат да ги повлечат со себе, отцепувајќи ги од бугаризмот. Тој сојузник го гледам во македонизмот или, во извесни мудро одбележани граници, во одгледување на македонскиот дијалект и македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како тоа. Со никого Бугарите не можат да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот''}}
 
Со други зборови требало да се искористат патриотските чуства на [[Македонците]] против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда]] и да се засилат позициите на [[Срби|Србите]] во [[Македонија]].
 
== Првите контакти ==
 
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
 
== Извори ==