Македонско движење и српската пропаганда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 17:
Уште во [[1875]] година во [[Белград]] на државна сметка бил објавен вториот речник на [[Ѓорѓија Пулевски]], а со посредство на македонецот Димитар Алексиевич во [[1879]] година се започнало со издавањето на календарот [[Вардар (календар)|Вардар]]. Овој календар бил пишуван на мешан српско-македонски јазик (галички говор), а преку него се настапувало против [[Бугарска пропаганда во Македонија|бугарската пропаганда во Македонија]] <ref name="SDIM"><small>''Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980''</small></ref>.
 
== Концепт наза Македонизмот ==
 
''Македонизмот'' како концепт бил дооформен од [[Стојан Новаковиќ]]. Тој сметал дека: ''српската пропаганда ќе постигне најголем успех ако на бугаризмот му го спротистави македонизмот како етапа за сузбивање на бугарската пропаганда во Македонија. Тој оваа своја идеја и ја предложил во 1888 година на својата влада во Белград.'' Истакнувајќи:
 
{{Цитатник|''Бидејќи бугарската идеја, како што ни е познато, фати длабоки корени во Македонија, јас сметам дека речиси е невозможно сосем да се поколеба изнесувајќи ја спроти неа само српската идеја. Таа идеја, се плаша, нема да биде во сосотојба, како чиста и гола спротивност, да ја потисне бугарската идеја, па затоа на српската идеја ќе и биде помош некаков сојузник кој би бил остро против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи кои народот и народните чуства можат да ги повлечат со себе, отцепувајќи ги од бугаризмот. Тој сојузник го гледам во македонизмот или, во извесни мудро одбележани граници, во одгледување на македонскиот дијалект и македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како тоа. Со никого Бугарите не можат да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот''}}
 
== Извори ==