Разлика помеѓу преработките на „Травелинг Вилберис“

Додадени 52 бајти ,  пред 13 години
нема опис на уредувањето
Зборот "Вилбери" е сленг измислен од Харисон и Лин за време на снимањето на албумот на Џорџ ''[[Cloud Nine]]'' и тоа како алузија на елиминирањето на "грешките" при процесот на миксирање (односно "'We'll bury' (Вилбери) them in the mix"). Терминот бил случајно употребен во присуство на сите членови на групата. Харисон го предложил името "Треперувачките Вилбери" (The Trembling Wilburys) но сите се согласиле да го искористат називот "Патувачки".
 
СинглотПо првиот албум, следува синглот "Nobody's Child" кој ќе се обиде да го центрира светското внимание врз децата-сирачиња во [[Романија]]. Вториот албум, именуван ''[[Traveling Wilburys Vol. 3]]'' е издаден во октомври 1990 година. Сепак, албумот има понезабележителен успех. Неколку причини се спомнуваат за да се објасни чудниот скок од Vol. 1 до Vol. 3. Првото објаснување е дека албумот на Том Пети ''[[Full Moon Fever]]'' се смета за Vol. 2 (Џеф Лин, Џорџ Харисон и Рој Орбисон работат заедно со Пети на него), второто е дека албумот не е издаден од почит спрема починатиот Орбисон, а третото и наједноставно е дека името било обична шега. Еднаш, на едно MTV интервју Харисон ќе рече дека постоел материјал за да се издаде Vol. 2, но истиот бил украден пред сосема да се комплетира албумот.
 
==Членови==
8.348

уредувања