Разлика помеѓу преработките на „Синапсиди“

Нема измена во големината ,  пред 11 година
с
нема опис на уредувањето
с (Бот Менува: el:Συναψιδωτά; козметички промени)
с
За целосна филогенија, погледнете во текстот.
}}
'''Синапсидите''' ([[Латински јазик|лат.]] ''Synapsida'', што значи "споен лак") се класагрупа на животни која ги вклучува [[цицачи]]те и сите оние групи на животни кои се еволутивно поблиски до цицачите отколку до другите современи [[амниоти]].<ref>Laurin and Reisz 2007.</ref> Примитивните синапсиди најчесто се нарекуваат [[пеликосаури]], додека понапредните цицачовидни синапсиди се нарекуваат [[терапсиди]]. Немамалиските членови се опишуваат како цицачолики рептили во класичната систематика,<ref name=Carroll397>Carroll 1988: 397.</ref><ref name=Benton122>Benton 2005: 122.</ref> но во [[Кладистика|кладистичката]] терминологија се означуваат како "базални цицачи" или "протоцицачи".<ref>Donoghue, Philip (2005), "[http://palaeo.gly.bris.ac.uk/donoghue/PDFs/2005/Donoghue_2005b.pdf Matters of the Record: Saving the stem group---a contradiction in terms?]". Page 555 (pdf document page 3 of 6)</ref> Синапсидите еволуирале од базалните амниоти и се една од двете главни групи од подоцнежните амниоти (при што другата се [[Сауропсиди|сауропсидите]] - [[влечуги]] и [[птици]]). Се разликуваат од останатите амниоти по тоа што имаат еден отвор (слепоочна јама, темпорална фенестра) на нивниот череп што се развила кај синапсидниот предок пред околу 324 милиони години, за време на доцниот [[карбон]].
 
Синапсидите биле доминантните копнени животни во средниот и доцен [[перм]]. Како и со речиси сите тогаш постоечки групи, нивните бројност и разновидност биле значително редуцирани за време на [[Пермска екстинкција|пермската екстинкција]]. Некои видови преживеале и во [[тријас]], но [[архосаури|архосаурите]] набрзо станале доминантни животни, при што неколку од немамалиските синапсиди го надминале тријас, иако имало преживеани видови и во [[креда]]. Но, тие ги вклучувале и праисториските предци на цицачите, па затоа синапсидите се сè уште современа класа на ‘рбетници. Синапсидите, денес (особено луѓето) повторно се доминантни копнени животни по надминувањето на птиците при [[Креда-тријаска екстинкција|К-Т екстинкцијата]].